Мажите со добра смисла за хумор почесто овозможуваат оргазам

Сите сме чуле дека смеата е лек за секоја рана. Смеата опушта, ве ослободува од стресот и го подобрува вашето здравје. Меѓу другото игра важна улога и во градењето на стабилна и среќна врска па дури и во бројот на оргазми кои ги доживувате.

mazite-so-dobra-smisla-za-humor-pocesto-ovozmozuvaat-orgazam-01.jpg

Хуморот игра важна улога во врските како на нивниот почеток, така и во долготрајните врски. Да бидеме искрени, наједноставно и најлесно можете да преминете преку срамот и стравот на првиот состанок со смеа до солзи. Така е и во долготрајните врски. Хуморот ќе ве научи на брзо решавање на конфликтите кои ги имате со партнерот и ќе ви помогне да изградите силна и квалитетна врска која ќе ве направи среќни.

Како тој влијае и на вашиот сексуален живот?

Секако дека на секого му е важно да има покрај себе партнер кој ќе го привлекува, кој е полн самодоверба и да не се лажеме кој има доволно пари. Број еден причина за расправии меѓу партнерите се парите.

Како ова е релевантно за вашите оргазми? Многу истражувања покажуваат дека интензитетот и бројот на оргазми кои ќе ги доживеете за време на сексот зависат од тоа колку сте задоволни од вашиот партнер, а секако задоволството произлегува токму од овие карактеристики.

Постојат уште многу други фактори кои ќе влијаат на тоа колку сте сексуално задоволни. Како вашата возраст и сексуално искуство, но можеби еден од најинтересните фактори за сексуално задоволство е смислата за хумор.

Хуморот е секси. Луѓето со добра смисла за хумор се секогаш попривлечни и попосакувани од спротивниот пол. Ова особено важи за мажите. Секоја девојка и жена бара партнер кој ќе успее да ја насмее и во најтешките мигови. Ова директно влијае и на тоа колку жената ќе успее да доживее оргазам за време на сексуалниот однос.

Еден од најголемите проблеми и причини поради која не може да доживееме оргазам е тензијата во нашиот ум. Не успеваме да се опуштиме и размислуваме за се и сешто. Хуморот и смеата можат да го постигнат токму спротивното. Да не опуштат и релаксираат, да ни ја дадат потребната интимност и секако да кулминираат во силен оргазам.

Никогаш не е предоцна да ја развиете вашата забавна страна. Таа ќе ни помогне и во сексуалното задоволство.

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg