Кога бившиот ќе ти пријде, ова ќе го направиш

Напомена пред да започнете да го читате текстот и целосно да се внесете во него е тоа дека не се важи за оние кои први им раскинале на нивните партнери. Важи само за оние кои биле оставени од страна на некој, кој по одреден период си ја свиткал опашката и повторно се вратил назад.

koga-bivsiot-ke-ti-prijde-ova-ke-go-napravis-1

Бевме заедно една година, мислев дека ме сака, но никогаш не правеше ништо за мене.

Излегувавме само кога сакаше тој, каде што сакаше тој, сами како одделени од човечката нација, сето тоа со изговор дека тоа што е потајно тоа е потрајно.

Но, на крај излезе што потајно, тоа полесно да те откачам.

Длабоко во мене знам дека се приврза, но сепак не доволно за да ме врзe засекогаш до него. Го прашував зошто не излеземе во јавност, зошто не ме запознае со пријателите и семејството, зошто не одиме во јавните кафулиња, туку во оние надвор од градот.

Многу прашања имав со зошто, но не добив ниту затоа, ниту ништо, освен потајно е потрајно.

Не можев да прифатам некој што тврди дека му значам да продолжи да се однесува со мене на таков начин, започнав да го условувам да станеме официјални или нема да ме види повеќе, не сакав повеќе да се кријам, не сакав да се чувствувам виновна затоа што сакам некој да ме сака на правилен начин.

Се противеше на тие мои барања и местенки кои му ги правев директно и свесно, не правев ништо позади грб, се што правев беше претходно кажано дека ќе биде направено.

Тој еден период се смири и прифати, но по одредено време ми раскина со изговор дека јас не сум разбирала што е тоа љубов.

Не сум разбирала дека постојат момци кои не изразуваат чувства и не сакаат да држат девојка за рака пред јавност, едноставно имале некоја репутација во градот која не сакале да им биде уништена со зборот „папучар.“

Го прифатив тоа и не го побарав повеќе, си продолжив со животот како никогаш да не постоел, кога од нигде никаде се појави таму, во кафулето во кое седев со моите пријатели.

Ми напиша порака на мобилниот дека сака да позборува со мене надвор, доколку е можно, но не сакал да ми пријде пред друштвото, сакал да излезам надвор од кафулето и да позборуваме.

Си реков во себеси, повторно е истиот, му било срам да дојде и да се поздрави, одлучив да му вратам со негативен одговор.

“Извини, но како што ти се срамиш да ми пријдеш бидејќи не сакаш да се понижиш пред друштво, исто така и јас не сакам да ти пријдам и да им покажам на сите дека сум имала нешто со некој како тебе.

Впрочем момчето кое седи до мене, веќе ми е момче една недела, па не сакам да направам да се почувствува непријатно зборувајќи со бившиот.

Разбери дека постојат девојки кои не чекаат мажи како тебе цела вечност туку бараат вистински.”

Нормално дека момчето што седеше до мене беше мој пријател, но почувствував голема желба да му вратам индиректно за сето она што ми го правеше една година.

Си го свитка опавчето повторно и си замина од кафулето, си замина од мојот живот засекогаш.

Затоа девојки наместо да му се враќате на некој кој еднаш ве оставил или да предизвикувате драма која ќе му покаже дека уште ви значи, оставете го засекогаш со некоја ваква слична лага која не повредува ништо освен неговата гордост.

Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg