10 Работи кои мажите ги прават, а жените ги обожаваат
Мажите често мислат дека ги воодушевуваат жените со својата мажественост, со фактот што се посилниот пол или со покажување на силата, но напротив дамите обожаваат сосема други работи...
Откријте кои работи жените ги обожаваат, а тешко дека некогаш ќе ви признаат:
1. Кога сте социјално несмасни
Жените не очекуваат мажите да бидат како Фаца од „Сексот и градот”, туку тие обожаваат кога се свесни дека мажите треперат и се срамат пред нив. Реченицата како „Ми се допаѓаш, хмм, навистина си супер, хммм, можеби би можеле некогаш да се видиме?”, го соборува женското срце.
2. Кога ја гледате без прекин
Колку пати ви се случило да се загледате во девојка која ви се допаѓа и да продолжите да ја гледате, дури и откако таа ќе забележи дека ја гледате? Од девојката ќе добиете насмевка, а со сигурност и веќе ја освоивте, бидејќи на неа тоа и е многу симпатично.
3. Интелигенцијата е неодолива
Никој од вас не бара да бидете натпросечно интелигентни, но кога случајно ќе кажете интересен податок секоја жена ќе биде импресионирана.
4. Кога сте опседнати со нешто
Жените сакаат кога мажите посебно се заинтересирани за нешто и обожаваат да поставуваат прашања, без разлика дали станува збор за фудбалски тим, музичка група или некоја книга.
5. Кога си играте со дете
Ако сте во врска и сѐ уште немате дете, верувајте дека откако партнерката ќе ве види како држите бебе или како си играте, веднаш ќе посака да имате и вие.
6. Кога позирате пред објективот
И мажите сакаат да изгледаат добро на фотографиите, иако тие не го покажуваат тоа како жените. Но, жените знаат да ја откријат вашата „тајна поза” и тоа им делува толку слатко.
7. Односот со најдобриот пријател
Нема ништо послатко од маж кој има најдобар пријател со кого дели сѐ и со кој одлично се поклопува во јавноста.
8. Кога пуштате брада за да изгледате постаро
На жените им се неодоливи момците кои изгледаат многу помлади, па пуштаат брада за да изгледаат мажествено.
9. Кога не знаете да танцувате, но се трудите
На дамите не им е важно дали знаете да играте или пеете, но неодоливо им е кога ќе ги фатите за рака и ќе ги однесете на подиумот, макар и да направите тотална будала од себе.
10. Двосмислен хумор
Постојат жени кои сакаат кога мажот кажува двосмислени шеги. Едноставно, кога не знаат дали мажот се шегува или сериозно им зборува им е навистина слатко на некои жени.