Се омажив за погрешен човек и тоа ми беше најдобрата одлука
Една ноќ мајка ми ми рече: „Немој да се разведуваш ако мислиш дека ќе го пронајдеш вистинскиот човек за брак. Можеби и никогаш нема да го пронајдеш Вистинскиот. Разведи се само ако ти е подобро да бидеш сама...”
Откако ми ги кажа тие зборови почувствував како да ме напаѓа и тогаш тие ми звучеа толку сурово, но не помина долго, а јас веќе сфатив колку вистина постои во тие неколку редови.
Кога се омажив за погрешен човек сфатив дека тоа ми беше најдобрата одлука во животот и засекогаш ќе му бидам благодарна што ми ги подари овие бесценети нешта:
1. Тој е причината што ги имам 3-те најдобри деца
Знам дека секоја мајка го вели истото, но кога и да се прашувам која е целта на мојот живот само ги погледнувам тие 3 мали дечиња и ми станува јасно. Ние не сме на планетава заради себе, туку за да го направиме светот едно поубаво место за живот.
2. Тој ми помогна да застанам на две нозе
Пред бракот, јас бев многу несигурна личност која беше во потрага по љубов и живееше во некоја своја бајка. Тоа ме однесе во многу врски кои беа сѐ, освен убаво искуство. Тој ме натера да сфатам дека осаменоста може да постои и кога не си сам. Затоа сфатив дека е време да го надминам стравот од чувството на осаменост и конечно да успеам да уживам во времето кое е само за мене.
3. Тој ме натера да бидам упорна
Тоа што имаме 3 деца не значеше дека јас требаше да ставам крај на својата кариера. Мојата животна цел беше да станам автор на неколку книги и да имам своја сопствена фирма. И знаете што? Успеав, благодарение на него. Тој кој ме научи дека сѐ е возможно, само доколку се посакува.
4. Тој ме натера да се соочам со себе
Кога се омажив за погрешниот човек, тогаш веќе немаше бегање - морав да соочам со себе и своите маани. Тие постојат и токму тој ми посочи на нив, а јас колку и да не сакав да чујам за моите маани сепак бев свесна дека мојот сопруг е во право.
На крајот се разведовме, бидејќи сфатив дека повеќе сакам животот да го поминам сама. Бракот со погрешниот човек ме научи да бидам храбра...и тогаш побарав развод.