Зошто жените одбираат покрупни мажи без плочки на стомакот?
Никој не може да не ги забележи ниту оние згодни момци со дефинирани и убаво градени тела, но реално, многу од девојките колку и да ги гледаат и посакуваат не би се обиделе да им пријдат.
Има и храбри девојки кои без разлика како изгледаат се подготвени да пријдат секому, но повеќето кои немаат совршено градено и затегнато тело, многу лесно си создаваат комплекси, па ги избегнуваат ваквите мажи.
Секоја жена сака да се чувствува убаво и привлечно, па затоа многу почесто како свое момче одбираат некој што е покрупен и што ќе се воодушевува на нејзината убавина и линија иако не е совршена, отколку некој згоден и со плочки на стомакот.
1. Немаат притисок
Со покрупен маж покрај себе, никогаш немаат грижа на совест затоа што имаат некој килограм плус.
2. Се чувствуваат подобро во своја кожа
Не мора да се измачуваат со размислување дали се доволно згодни за него, плус секогаш ќе изгледаат поситно од него.
3. Не се грижат дека може да ги изневери со некоја позгодна
Нема толку голема самодоверба, знаејќи дека не е толку згоден за некоја таква да му обрне внимание.
4. Галењето е многу позабавно
Кога тој ги прегрнува се чувствуваат мали, нежни и заштитени. Многу е подобро отколку да му ги чувствуваат коските.
5. Никогаш нема да им набива комплекси
Некој што не се чувствува како најзгоден и најубав или е свесен дека и самиот не е совршен, нема да им префрла за нивните маани и да им набива комплекси.
6. Знае да се забавува
Покрупните мажи се многу поопуштени од мажите со плочки, бидејќи не бројат калории и минути поминати во теретана. Знаат да уживаат во јадењето без да се казнуваат.
7. Не се површни
Не се опседнати со својот изглед, туку се насочуваат на она што е вистински битно - карактерите.
8. Подобро се чувствуваат за време на сексот
Оние кои се покрупни даваат подобро чувство кога ќе ги допрат, прегрнат и почувствуваат за разлика од оние кои се целосно затегнати и слаби, па жените имаат чувство дека водат љубов со статуа.
9. Имаат разни теми на разговор, а не само за исхрана и вежби
Пред него може и жените да се опуштат и да бидат она што се без да се срамат и плашат за тоа како ќе бидат сфатени ако ги видат како уживаат во парчето пица навечер.
10. Одлично изгледаат во одело
Мажите во одела се многу секси, особено кога тоа е пополнето, а не како да е закачено на закачалка.
11. Не се обвинуваат еден со друг
Се почитуваат и се сакаат онакви какви што сте. Имаат трпение за заедно да бараат облека иако потешко наоѓаат број, но не си префрлаат дека тоа се случува затоа што се дебели.
12. Заедно јадат вкусни и калорични јадења
Пред него не треба да се мислат и срамат што ќе порачаат, туку заедно нарачуваат и заедно јадат фамилијарна пица или некој сендвич.