14 знаци дека ти си му само играчка
Дали една врска е реална претставува сложено прашање на кое може да се добие само сложен одговор. Сепак една работа е јасна. И двете страни треба еднакво да се трудат истата да се подобри.
1. Ти се јавува исклучително во доцните часови
Тоа е така затоа што во тебе не ја гледа неговата иднина. Ако ти не си му иднината, тогаш зашто воопшто да се труди однапред да испланира време поминато со тебе? Ти му служиш само за задоволување на потребите.
2. Те повикува дома тогаш кога е пијан
Тоа значи дека не му е воопшто грижа во какво светло ќе го видите. Вие сте му само алкохолно манифестирана потреба.
3. Не сака да се гушка
Дури и најголемите чудаци кога се заинтересирани за некоја девојка ќе сакаат да ја гушкаат. Ако не затоа што ужива премногу во вашата топлина, тогаш сигурно за да ве направи вас посреќни.
4. Од друга страна пак, кога сака...
Многу веројатно е затоа што денес ја видел својата бивша девојка со новиот дечко и има потреба од тоа, ти да направиш тој да се чувствува подобро.
5. Ако ти не го принудиш, никогаш нема да излезете заедно
Ако не му се јавиш ти или ако не му дадеш ти предлог за излегување, никогаш нема нему да му текне тоа да го стори.
6. Не ти го дава неопходното внимание
На големите социјални собири и кога сте во поширокото друштво никогаш нема да добиеш прегрнување или бакнеж. Може да добиеш само едно брзо „здраво“. Нему не си му доволно важна за да се потруди повеќе.
7. Доби само фејсбук покана
За него не постои телефонски повик или приватна порака. Сите покани кои имаат за цел вас да ве повикаат на некој голем настан, се одвиваат преку групни пораки.
8. Никогаш не ја преспива ноќта кај тебе
Ова е секогаш под изговорот дека неговиот кревет е многу поудобен и тоа е точно. Со оглед на тоа што тој е центарот на светот и пошитоко на вселената. Нема простор за вашите потреби и барања.
9. Секогаш седите кај тебе
Поголемиот дел од момците кои дефинитивно не се заинтересирани, односно да бидеме по прецизни, заинтересирани се до моментот кога сте им потребни, ќе се погрижат секогаш да престојувате кај вас дома. Полесно е да се замине, одошто да се смислуваат изговори за бркање.
10. Или, единственото кај него
Од друга страна пак, ако е доволно мрзелив, ти си задолжена да престојуваш кај него и да си заминеш тогаш кога не си потребна.
11. Ти си му само пополнување на времето
Ти си секогаш само загревање за централниот настан на вечерта. Се гледате само кога е на минување или кога има слободен простор и треба да чека на средбата со пријателите.
12. Не го остава телефонот
Ако навистина му значиш, ќе гледа целото време кое вие на располагање да го помине со тебе, а не во разговори на телефонот.
13. Секогаш се служи со смешни изговори
Подолго од два часа никогаш не останал или дури и тие полни два часа се премија? Бргу гледа да ве напушти служејќи се со некои смешни изговори кои дури и „затресканата“ девојка ќе ги забележи.
14. Неговите пријатели ти сигнализираат
Тогаш кога навистина е „загреан“ за вас, неговите пријатели ќе се погрижат да се чувствувате добредојдено во нивното друштво. Дефинитивен знак дека си му само минлива фаза е кога сите те игнорираат.