Аларм: Знаци кои ви покажуваат дека сте во врска со слабак

Постојат различни типови мажи кои може да ги поделите во неколку категории според тоа како се однесуваат кон вас.

alarm-znaci-koi-vi-pokazuvaat-deka-ste-vo-vrska-so-slabak-01

Додека едни се фраери и ви покажуваат лажно внимание само за да се чувствувате убаво, други не знаат тоа да го покажат, а сакаат да го добијат од другата страна

Реално само слабаци и луѓе без самодоверба не се во состојба да сакаат. Но, за на време да ги препознаете постојат 6 знаци:

1. Не знае што чувствува кон вас

Можеби е пријатен и нежен, дури и страстен, но не е во состојба да ви изјави љубов. Или ако ви кажува дека ве сака, неговото однесување покажува нешто спротивно. Пораките кои ви ги праќа не се доволно јасни за да знаете што чувствува кон вас. Веројатно воопшто не знае што е љубов и како се покажува.


2. Не знае да покаже благодарност

Можеби не ја чувствува, а можеби и не му се допаѓа тоа што го правите за него, бидејќи не сака да се чувствува должен кон никого – недостаток на благодарност во неговиот емотивен живот покажува на недостаток на некои основни вредности на кои се засноваат. Обрнете внимание, веројатно не е таков само кон вас, туку и кон пријателите и семејството.


3. Се повлекува и се затвора пред вашите молби

Колку повеќе се трудите, толку повеќе тој се однесува како под опсада. Го нервирате и вие и вашето внимание, па никако не го мотивирате да ви возврати на ист начин. Залудно е да го освојувате, бидејќи и кога ќе ви успее, нема да наидете на великодушност, широк дух и раскошни чувства. Тој се брани, бидејќи стравува дека ќе му го одземете и она малку што го има.

alarm-znaci-koi-vi-pokazuvaat-deka-ste-vo-vrska-so-slabak-1.jpg

4. Ве мрази кога плачете

Кога покажувате дека сте повредени или вознемирени, не ве прегрнува, не ви дозволува да се исплачете и да ве утеши. Го нервирате, бидејќи поради вашиот излив на емоции тој се чувствува непријатно, а многу е веројатно дека штом се однесува така, од тага ќе ве натера на перзир и бес.


5. Нема иницијатива

Ако чекате тој да смисли нешто во што ќе уживате заедно, побрзо ќе го дочекате судниот ден. Но, секоја жена во таква ситуација ќе сфати дека е сама во врската со слабак и дека тоа не ѝ е потребно.


6. Носи одлуки само под притисок

Дали сте подготвени постојано да го притискате додека не полуди и одлучи да направи нешто, па макар и тоа што вие го сакате? Кога ќе сфатите дека ви се нарушува самодовербата и дека ви е досадно постојано некого да притискате и да му ги вадите зборовите со клешти, она што би требало своеволно и самоиницијативно да го даде и направи, ќе сфатите дека сте потрошиле сè што сте имале за да вложите во врска со некој што нема храброст и срце да ја запознае љубовта.

alarm-znaci-koi-vi-pokazuvaat-deka-ste-vo-vrska-so-slabak-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg