Фази во сексот на паровите

fazi-vo-seksot-na-parovite-povekjeИ сексуалниот живот има нагорни и надолни линии во својот тек, периоди на страст и затишје. Сето тоа зависи од годините, односот со партнерот/ката...

 

...нивото на самодоверба и уште многу други фактори, но постојат неколку фази низ кои секој пар мора да помине.

Тука е фазата на страст и вљубеност во која не можете да ги кренете рацете еден од друг, фазата на пријатен секс, но и фазата без секс. Веројaтно секој пар минува и низ фазата кога партнерите сакат да испробаат нови работи.

Еве ги фазите низ кој секој пар задолжително минува!

Адолесцентска фаза или фаза на вљубеност fazi-vo-seksot-na-parovite
Ова е фаза во која го губите разумот и комплетно им се препуштате на емоциите. Оваа фаза обично се случува на почетокот на врската, а е преполна со секс, интимност и страст. Оваа фаза можете да ја доживеете на 19, но и 39 години.

Фаза „нова поза“
Веќе се сте искусиле заедно и имате желба да го зачините својот сексуален живот. Долго време сте заедно  и се чувствувате слободни да се обидете да ги оствариите своите сексуални фантазии. Во оваа фаза најверојатно ќе испробате некоја нова локација, нови пози или сексуални играчки. Ќе се обидувате да го зголемите сексуалното возбудување и ќе сакате сексот да го доживеете со сите сетила.

Фаза во која жалите за нешто што сте пробале
Без разлика дали заради партнерот или заради љубопитност сте пробале нешто од што сега ви се крева косата на главата. Балансот меѓу забранетото и социјално прифатливото однесување, како и меѓу разумот и страста, не е секогаш едноствен. Простете си себе си доколку сте направиле нешто за што жалите и никогаш повеќе не ја преминувајте границата која не ви се допаѓа.

Фаза секс набрзина
Немате секогаш време за палење свеќи, миризлива купка или долга предигра. Стариот добар секс набрзина во периоди на набиен распоред може да стане правило. Зошто да не? Страстно, брзо и делотворно, може да биде и интересно.

Фаза на пријатен секс
Филмските сексуални искуства секогаш се експлозивни и страствени. Во фазата на пријатен секс токму ваквите примери можат да ви создадат непријатно чувство. Не очајувајте, во долгите врски луѓето развиваат посебен однос полн со доверба и интимна поврзаност.

Тие знаат како да се задоволат меѓусебно и знаат се што сака партнерот/ката. Во оваа фаза сексот веќе не е само страст и возбуда туку длабока интимна поврзаност која силно се доживува. Сепак, ако повеќе ви се допаѓа фазата на вљубеност, обидете се да внесете некоја новина во вашиот сексуален живот.

Би можело да ве интересира:

„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Порно актерот Џони Синс со совет за мажите кои се срамат од ќелавоста: „Која е мојата тајна?“ „Почнав да ја бричам главата на 23 години затоа што морав, а не затоа што ми се ...
Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...
Жени споделуваат смешни (и засрамувачки) незгоди од секс за време на бременост „Бев околу четвртиот месец во бременоста и користевме некој нов лубрикант, како ...
3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...
Жена (34) со искрена исповед: „Откако сопругот се здебели, не чувствувам никаква сексуална привлечно... „Повеќе не чувствувам привлечност и никаква желба, каква што има тој. Знам дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg