12 работи кои треба да ги очекувате од врската со силна жена

Момци, прекрасно е да се вљубите во силна и независна жена. Среќата е нешто што ве чека на заедничкиот животен пат, бидејќи оваа жена сака искрено и длабоко. Таа ќе го разбуди тоа што е најдобро во вас.

12-raboti-koi-silnata-zena-gi-ocekuva-od-ljubovta-0

Еве што треба да знаете ако се вљубите во силна жена.

1. Не очекувајте мед и млеко

Немојте да кружите околу проблемите, туку седнете и отворено разговарајте за нив со жената која ја сакате бидејќи тоа е единствениот начин на кој таа ќе остане со вас. Доколку постои нешто што ја мачи, таа тоа и ќе го каже. Таа е жена која се носи со проблемите и ефективно ги решава, а тоа и го очекува од вас.


2. Не очекувајте врската да се темели на смс пораки

Овие жени се одликуваат со одлични вербални способности, а смс пораките не можат да ги изразат сите нијанси. Секако дека неколку пораки во текот на денот се сосема во ред, но обидете се допишувањето да го замените со комуникација очи во очи.


3. Вашите лудории нема да ја импресионираат

Сè што се однесува на вашиот социјален живот задржете се го себе. Секој детинест обид да ја направите љубоморна со тоа што на социјалните мрежи ќе објавите слика на која се наоѓате опкружен со други жени може само да предизвика контраефект. Силната жена никогаш не е љубоморна, таа има доволно самодоверба и знае кој е вреден за нејзиното време,а кој не. Ако е подготвена да ви се посвети во целост, истото го очекува и од вас.

12-raboti-koi-silnata-zena-gi-ocekuva-od-ljubovta-1

4. Не правете празни муабети

Силна, зрела, елоквентна и образувана жена сака квалитетни разговори. Дури и кога се забавува, нејзините мисли се насочени кон важни работи. Доколку го сакате нејзиното внимание, треба да се потрудите и да го задржите.


5. Таа нема да толерира нерешителност

Силната жена нема време за глупости и тривијалности. Доколку сте нерешителни и немате иницијатива, знајте дека тоа врз неа може да влијае само негативно. Таа очекува и вие да бидете креативни, иновативни и да знаете што сакате.


6. Не очекувајте таа да трпи непочитување

Всушност, вакво нешто не очекувајте од ниедна жена. Современите жени се храбри, смели, полни со самодоверба и точно знаат што сакаат. Едно е сигурно - таа не сака да биде со маж кој не ја почитува и кој не се однесува со неа онака како што таа заслужува.


7. Со флегматичност нема да ја импресионираш

Важно е да знаете што сакате, без разлика дали тоа ја вклучува неа или не. Вашето мислење зад кое цврсто стоите секогаш е позитивно во нејзините очи.

12-raboti-koi-silnata-zena-gi-ocekuva-od-ljubovta-2

8. Очекувајте дека постојано ќе ве мотивира

Силните жени живеат живот кој има цел и поента, тие ја следат својата визија. Штом избрала животот да го сподели со вас, очекувајте дека нејзината амбициозност ќе се одрази и врз вас. Знајте дека покрај себе имате тимски играч, некој кој на вас гледа на себе рамен.


9. Очекувајте дека ќе ви се посвети во целост

Независните жени се верни. Тие од вас очекуваат да бидете искрени и да и се посветите на врската, а истото може да го очекувате и од неа. Таа со еднаква страст се посветува на се. Знајте дека во никого нема да имате доверба како што ќе имате во неа.


10. Очекувајте нови искуства

Таа водела страствен живот, полн со возбуда и пред вие двајца да се запознаете. Многу различни интереси, хобија и искуства е тоа што го карактеризира нејзиниот живот. Таа очекува се ова да го подели и доживее со вас.


11. Ќе му се радувате на секој нов ден поминат со неа

Досадата ќе стане непостоечки збор во вашиот речник, бидејќи со неа никогаш нема да ви стане здодевно. Таа секогаш е во движење и затоа немојте да се изненадите ако ви предложи да заминете некаде на викенд.

12-raboti-koi-silnata-zena-gi-ocekuva-od-ljubovta-3

12. Очекувајте дека ќе живеете прекрасен живот

Како мотивирана, амбициозна и интелигентна личност сигурно се стремите кон квалитетен живот. И навистина не постои подобро чувство од тоа кога знаете дека личноста која е покрај вас ги дели истите желби и аспирации. 

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg