4 Причини зошто одбивам да го земам презимето на мојот сопруг

Кога сум помислувала на брак никогаш не ми паднал на ум фактот дека треба да го сменам презимето, а и зошто би го направила тоа, започнува да раскажува една млада блогерка.

4-pricini-zosto-odbivam-da-go-zemam-prezimeto-od-soprugot-1

Моето презиме го чувствувам како дел од мојот идентитет, нешто што е само мое и мислам дека кога ќе променам дел од мене ќе исчезне.

Јас сум последната девојка во фамилијата која го носи тоа презиме, тогаш ако мажите се тие кои го продолжуваат презимето на една фамилија, зошто да не можат и жените да го сторат тоа за својата?

Можеби овие 4 причини изгледаат како малобројни кои би ја поддржале мојата одлука, но откако ќе ги прочитате ќе сфатите зошто одбивам да го земам презимето на мојот иден сопруг:

1. Не сум недвижен имот

Уште во 15-тиот век на жените не им било дозволено да поседуваат имот, да гласаат и воопшто не им било дозволено ништо да прават, па логично било да го носат презимето на својот сопруг. Ако го земам презимето на мојот сопруг тогаш себе си ќе се гледам како имот кој му припаѓа нему. Наместо тоа, јас се надевам дека ние двајцата заеднички ќе го градиме животот, ќе придонесуваме финансиски во нашиот заеднички дом благодарение на нашите различни презимиња.


2. Не мораш да имаш исто презиме за да бидеш семејство

Имам пријатели чии родители имаат различни презимиња, но тоа за нив никогаш не играло никаква улога. Семејството не почнува да се гради од поседувањето на исто презиме, туку со љубов, почит и разбирање. Со мојата постапка сакам да им бидам пример и на моите деца. Сакам тие да знаат дека секогаш ќе имаат право на избор, ако посакуваат можат дури да си го променат целото свое име и презиме.


3. Промената на презиме си влече своја дополнителна работа

Која едноставно не сакам да ја правам. Промена на лична карта, потоа пасош, возачка дозвола, трчање од шалтер на шалтер, пополнување на формулари и што ли уште не. Со тоа што ќе го променам презимето на Фејсбук или на мојот мејл нема да докажам никому ништо, а најмалку на себе. Делењето на исто презиме нема да ме направи подобра личност, родител, ниту пак ќе ми подари совршен брак.


4. Си го обожавам моето презиме

Додека растев не ми се допаѓаше ниту моето име, ниту пак презимето. Сега навистина ги обожавам и не гледам причина зошто би сакала да го менувам презимето. Јас не би побарала од мажот да си го промени идентитетот заради мене или да го земе моето презиме, тогаш зошто тој би го побарал истото од мене? Мене едноставно не ми е потребно друго презиме за некого да сакам безрезервно, а мојата љубов умеам да ја докажам на илјадници други начини.

Сопруги се согласувате ли? Какво е вашето мислење на оваа тема?

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg