Зошто девојките излегуваат со некој што не им се допаѓа?
Секоја би сакала покрај себе да има и згоден и паметен и богат партнер, но тешко, скоро никогаш не се погодува ваква совршена комбинација.
Некогаш се трудат да го пронајдат токму таквиот, но забележуваат дека поминало многу време, а сè уште се сами.
Во тие моменти им се додворуваат неколку момчиња кои баш и не им се по мерак, но имаат барем 5 причини, поради кои на крајот ќе решат да им дадат шанса:
1. Згоден е
Не е важно што можеби во периодов баш и нема некоја попаметна работа, освен да оди во теретана, не го бараат за нешто сериозно, ниту им е многу симпатичен, но добро би било да се прошетаат со некој згоден покрај себе.
2. Сакаат да го преболат бившиот
Се водат по девизата: Клин со клин се избива. Наместо да патат и да го бараат него во секој друг, решаваат да излегуваат со кој било за побрзо да го заборават.
3. Досадно им е
Сите нивни пријателки имаат момчиња, немаат со кого да излегуваат, досадно им е по дома, па кој и да е добро ќе им дојде, колку да несе сами.
4. Осамени се и депресивни
Всушност потребно им е внимание и ласкање кое може да го добијат на почетокот од дружењето со кое било момче, а тоа им е доволно за да им се крене самодовербата.
5. Не бараат ништо сериозно
Иако сакаат еден ден да имаат квалитетен партнер, во моментот имаат потреба само да се забавуваат без да имаат некоја посебна обврска кон некого.