6 Знаци дека бившиот партнер е далечно минато за вас
Во животот на секој човек постоел друг човек кој неизмерно го сакал. Токму поради тоа имате впечаток дека никогаш нема да го заборавите.
Но, ништо не е вечно, нели? Истото важи и за тагувањето по бившите партнери кои на крај сите стануваат дел од нашето минато.
Дали вашиот бивши партнер е далечно минато за вас откријте преку овие 6 знаци:
1. Сте ги заборавиле “важните” датуми
Годишнината која сте ја прославувале секогаш заедно сега е далечен спомен за вас, исто како и денот кога сте се запознале, денот кога сте го имале првиот секс, роденден и слично.
Сите овие важни датуми за вас станале обични датуми на кои не обрнувате внимание повеќе.
2. Подароците не ви ги насолзуваат очите
Можеби и веќе сте ги фрлиле во корпата за отпадоци, а доколку го немате направено тоа случајна средба со нив низ вашата соба повеќе не ви предизвикува носталгија и солзи во очите.
3. Спомените уште помалку...
Слично на подароците, спомените веќе не ве прават тажни, на нив гледате како на нешто кое било и поминало, но нема да се врати повеќе, а вас тоа ви е сосема во ред.
4. Се радувате што се случило, не тагувате што поминало
За разлика од периодот кога сте раскинале, наместо да тагувате што поминало, вие сега се радувате што воопшто се случило.
5. Во потрага сте по нова љубов
Или веќе сте ја нашле, што е навистина добар знак на успешно преболување се додека истото не го правите од љубомора или осаменост.
6. Се сакате себеси повеќе од претходно!
За разлика од периодот во кој сте го сакале партнерот повеќе од себеси, дури и после раскинување, сега сте свесни дека личноста која треба да ја сакате повеќе од вчера е таа во огледало.
Се пронајдовте?