Што прави вистинскиот маж кога ќе ја најде вистинската жена?

Сите се во постојана потрага по сродната душа и вистинскиот партнер. Кога ќе го најдеме, пак се двоумиме и не сме доволно храбри за да го направиме последниот чекор за да бидеме заедно.

sto-pravi-vistinskiot-maz-koga-ke-ja-najde-vistinskata-zena-01

Порано само жените чекаа на мажите да одлучат, а денес и обратно. Наеднаш се затвораме во кругот во кој сите ги чекаат другите.

Но, вообичаено, тоа е така додека не се најде вистинскиот, односно вистинската. Кога еден вистински маж ќе ја запознае вистинската жена, тогаш се претвора во сосема поинаква личност од онаа што ја познаваат другите.

Тогаш сфаќа многу работи, ги разместува приоритетите, си го подобрува животот и што е најважно, никогаш не се откажува од неа.

Ова се неколку работи што ги прави вистинскиот маж кога ќе ја запознае вистинската жена:

1. Сфаќа колку е среќен

Вистинскиот маж има искуство, бил во доволно пропаднати врски и запознал доволно девојки за добро да препознае кога ќе ја сретне вистинската.


2. Доволно е зрел за да се соочи со обврските

Не се плаши да се соочи со обврските, туку е подготвен за сето тоа. Подготвен е да направи сè што е потребно, бидејќи смета дека неговата избраничка го заслужува тоа. Можеби потајно и се плаши од обврските, но не бега од нив. Тој се соочува со своите стравови како вистински маж. Не сака ништо повеќе од тоа да биде со својата девојка и ја сака со цело свое срце.


3. Сака таа да сфати колку е прекрасна и колку му значи

Повеќето мажи мислат дека жените знаат колку се сакани и колку им значат. Но, најчесто тоа не е така. Освен ако не е видовита, мора да ѝ кажете и со зборови, а и да ѝ покажете со дела. Мора да бидете покрај неа. Вистинскиот маж го разбира сето ова и сфаќа колку е важно неговата партнерка да го знае тоа.

sto-pravi-vistinskiot-maz-koga-ke-ja-najde-vistinskata-zena-1.jpg

4. Се плаши да не ја изгуби

Да, вистинскиот маж се плаши дека ќе ја изгуби жената која ја сака и не се плаши тоа да ѝ го признае. Кога ќе ја запознае вистинската жена, би требало да се плаши дека ќе ја изгуби. Таа ќе стане целиот ваш живот и ако ја изгубите ќе биде како да сте изгубиле дел од себе. Вистинскиот маж се плаши, можеби и повеќе од останатите, но тоа не е знак на слабост, туку разбирање на себе.


5. Прави сè што не правел претходно

Вистинскиот маж сака неговата девојка да проба сè со него. Сака да ѝ пружи колку може повеќе работи кои не ги искусила пред него. Сака еден ден таа со насмевка да се сеќава на сè што поминале заедно. Вистинскиот маж не сака да биде причина поради која девојката ќе зажали за деновите кои ги поминала со него, туку причина поради која ќе го сака животот.


6. Не може да смисли причина зошто би чекал за да биде со неа засекогаш

Таа е вистинската жена. Ако тој сака да биде вистински маж, мора да одлучи, а сè започнува со првиот чекор.

sto-pravi-vistinskiot-maz-koga-ke-ja-najde-vistinskata-zena-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
Секс колумнистка со критики до мажите: „Не се бањаат, па се чудат зошто сопругите не сакаат да имаат... „Сите мажи во брак се жалат дека сопругите не им ги задоволуваат потребите. Сите...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg