Љубовен експеримент: Останав со момчето што ме изневерува за да видам што ќе се случи на крајот

Навидум сè изгледаше убаво и среќно, се согласувавме, не се каравме и сè беше во ред. Дури по малку и чудно колку едноставно изгледаа работите. И секогаш кога ете така нешто ќе почне да те копка дека е премногу добро за да биде вистинито, тогаш се случува нешто поради кое почнува сè да се распаѓа.

ljuboven-eksperiment-ostanav-so-momceto-sto-me-izneveruvase-za-da-vidam-sto-ke-se-sluci-na-krajot-2

Така се случи и кога првпат дознав дека ме изневерува. Срцето ќе ми излеташе од шок. Се тресев цела, не знаев како да реагирам, па почнав да се преправам дека ништо не се случува. Ми требаше време за да прифатам дека е крај.

Одлучив да глумам дека сè е во ред за да видам до каде ќе оди тој,  а и за да видам колку од сето тоа можам да спасам или поправам.

Моето его беше распаднато, но од инает имав потреба да почувствувам дека му е важно да не дознаам, дека ќе се обиде да се извини, дека ќе сака да ме заштити или дека ќе успеам да направам нешто без да знае и да го премислам.

Се надевав дека ќе се промени.

Тој се трудеше да се однесува максимално коректно и добронамерно. Но, сега веќе знаев на што мисли кога вели дека ќе излезе со другарите или колегите. Знаев дека ќе оди со неа.

Се трудеше да ми обрне внимание и мене, колку да ме залаже за да не се посомневам, но јас веќе знаев сè. Само го чекав и го гледав до каде ќе оди.

ljuboven-eksperiment-ostanav-so-momceto-sto-me-izneveruvase-za-da-vidam-sto-ke-se-sluci-na-krajot-1.jpg

Се допишуваше со неа, го забораваше телефонот, ги читав пораките. Не беше воопшто лесно, но веќе бев подготвена на сè и не беше нешто неочекувано. Само требаше да се проголта.

Не знам што чекав уште, зошто останував, па дури со сиот разум решив да му покажам уште еднаш колку го сакам, да се обидам да му ја дадам сета љубов и да не му биде потребна друга.

Не ме одби, но никогаш не му бев доволна. Тој ја земаше сета моја љубов, ја пиеше до последна капка и се вртеше на секоја друга страна каде можеше да најде уште некоја.

Никогаш не се премисли и не престана да се гледа со други. Тогаш сфатив дека немам зошто да се трудам околу некој себичен што не знае да ме цени.

Веќе знаев дека е бесчувствително ѓубре, само зошто изгубив толку време?

ljuboven-eksperiment-ostanav-so-momceto-sto-me-izneveruvase-za-da-vidam-sto-ke-se-sluci-na-krajot-01.jpg

Барем се обидов, почекав и си потврдив неколку работи кои сакам да ги слушне секоја девојка:

1. Мажите скоро никогаш не ги менуваат своите ставови и нема ништо магично да им се случи од воздухот.

2. Најчесто мислат повеќе со половиот орган отколку со главата.

3. Твоите чувства никогаш не им се приоритет.

4. Верувај ѝ на интуицијата, секогаш е во право.

5. Никогаш не му се предавај целосно. Заштити се за да не те искористат.

6. Натерај ги да те заслужат.

7. Не се потценувај.

8. Не ја обвинувај другата. Ако твоето момче те сака и ти е верно, никогаш нема да биде заведено.

9. Сакај се себеси најмногу, зашто никој друг нема да те сака повеќе.

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg