Животна приказна на една сопруга: Бев во брак и спиев со 12 непознати мажи

Пред да се омажи, Робин Риналди имала 4 сексуални партнери вклучувајќи го и нејзиниот сопруг кој јасно и дал до знаење дека никогаш не сака да има деца.

zivotna-prikazna-na-edna-sopruga-bev-vo-brak-i-spiev-so-12-nepoznati-mazi-01.jpg

Уште кога го запознала Скот тој и признал дека не планира да има деца во животот, а само неколку години подоцна направил вазектомија, што Робин уште повеќе ја депримирало.

Со годините, Робин сфатила дека не сака да умре без деца и со сиромашен сексуален живот, па се одлучила за чуден сексуален експеримент.

По 18 години брак, оваа новинарка сфатила дека има потреба од поголема возбуда. Нејзината авантура ја испишала во своите мемоари, а неодамна ја споделила со читателите.

Сè започнува кога си поставува 12-месечен предизвик, во кој треба да спие со 12 различни, непознати мажи. Што е најчудно, нејзиниот сопруг Скот ја поддржал во тоа и во замислата за отворен брак.

„Имав потреба од заведување и сексуална привлечност. Поминував низ средовечна криза и не се чувствував како жена.“

Робин и Скот изнајмиле станови во кои живееле преку недела и имале сексуални односи со странци, а викендите ги поминувале заедно. И двајцата можеле да спијат со кого сакаат, а единственото правило било да користат заштита.

Робин отишла толку далеку што дури поставила оглас на интернет: Јас сум 44-годишна професионална, образована и привлечна жена која се наоѓа во отворен брак и барам маж помеѓу 35 и 50 години кој ќе ми помогне да ја истражам сексуалноста. Мажот мора да биде дискретен, паметен и вешт во комуникацијата, но и во креветот.

Освен до вештините, Робин се придржувала до своето правило дека не смее да се види со еден ист маж повеќе од 3 пати за да не се приврзе.

За само 24 часа откако го поставила огласот, и се јавилe 23 мажи.

Робин прифатила неколку понуди, вклучувајќи и еден 23-годишен маж. Првиот маж со кој се впуштила во оваа авантура бил 40-годишен адвокат, додека 30-годишниот Алден и рекол дека „растура“ во кревет.

На крајот од експериментот Робин спиела со 12 мажи.

Нејзиниот сопруг Скот исто така 6 месеци спиел со други жени, но нивниот брак се распаднал кога еден од мажите со кој била Робин се вратил во нејзиниот живот.

Набрзо повторно се впуштила во интимен однос со него, по што и се заљубила. Сега води моногамна врска со истиот маж, а нејзиниот сопруг Скот исто така има нова партнерка.

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg