5 таленти кои ги има вагината, а не сте ги знаеле
Како неверојатните оргазми и раѓањето деца да не беа доволни, па постојат уште најмалку 5 скриени таленти кои женската вагина може да ги направи во секое време.
1. Може да произведе јогурт
Cecilia Westbrook пробала да произведе јогурт користејќи бактерија од сопствената вагина. Докторката се изненадила кога експериментот и успеал. Сепак, изјавила дека овој јогурт не е најздравата идеја.
2. Може да придржи некои работи
Kim Anami е основачка на кунг фу за вагина. Специјалниот предмет кој се вметнува во вагината може да и помогне да поткрене доста тешки предмети. Оваа вежба, ако може така да се нарече, најчесто им помага на жените да се „затегнат“ по породувањето или полесно да доживуваат интензивни оргазми. Со оваа метода женската вагина може да крене тежина од 9 килограми.
3. Може да плете
Casey Jenkis е првата жена која покажа дека вагината може да служи за плетење. Затоа што сигурно нема да ни верувате, погледнете го видеото.
4. Градинарство?
На Huffington Post поодамна се појави текст во кој една жена тврдела дека компирот може да биде контрацепција. Но, откако сфатила дека компирот дефинитивно НЕ е контрацепција, разбрала дека во вагината компирот лесно може да из’рти.
5. Може да има стотина оргазми по ред
Светскиот рекорд на женски оргазми изнесува точно 222, а го постигнала жена од Данска во 2009 година за време на маратонот за мастурбација.