Што добивате, а што губите во врската со помлад маж?

Излегувањето и состанувањето со помлади мажи не е ништо ново и непознато за девојките, исто како што е и дружењето со многу постари мажи.

sto-dobivate-a-sto-gubite-vo-vrskata-so-pomlad-maz-01.jpg

Некои не се ни осмелуваат затоа што ги сметаат за недозреани или за деца, но некои пак токму во врската со многу помлади мажи ја пронашле својата среќа.

Сите имаат различни искуства од кои можат да се забележат и некои нивни маани, но и многу предности.

1. Не се доволно независни

Тие сè уште се бараат себеси, новиот предизвик пред нив. Повозрасната жена колку што ги воодушевува, толку и ги плаши. Често не знаат да јa преземат улогата на маж и да иницираат нешто, туку сметаат дека треба да ја следат жената како повозрасна и поискусна.


2. Не драматизираат

Една од подобрите работи кај помладите мажи е токму тоа што се слободни и опуштени, ретко се натпреваруваат и не прават непотребни драми. Знаат да послушаат и да прифатат, а со тоа да направат и жената да се чувствува попријатно и почитувано.


3. Добра утеха се

Особено ако жената минува низ тежок период или раскинување, помладите мажи се одлични за утеха, бидејќи знаат тотално да им ги одвлечат мислите со многу позитивни работи, знаат да им ја покажат слободата, да им се воодушевуваат и да се трудат да им овозможат врвно задоволство во сексот.

prednosti-i-maani-na-vrskite-so-pomladi-mazi-2

4. Полни се со живот

Тие имаат енергија, ја сакаат забавата, полни се со идеи и во тек со сите настани. За нив не е работата на прво место, па може да пружат одлично задоволство и забава. Сè што останува на жената е да се препушти тој да ја води.


5. Знаат да бидат и доволно зрели

Иако повеќето се сметаат за недоволно искусни и недоволно зрели за посериозни разговори, или врска која може да води кон нешто поголемо, некои од помладите мажи знаат да покажат поголема зрелост, одлучност и сигурност и од повозрасните.


6. Но, има и многу незрели

Често може да се најдете во непријатна ситуација кога тој не се вклопува помеѓу вашите колеги од работа, пријателите кои ви се врсници, или не ги разбира вашите потреби. Недоволната зрелост кај помладите мажи може да биде голем проблем доколку повозрасната жена има преголеми очекувања.


7. На крајот, сè е релативно

Колку што можат да се постават некои правила, толку и не може ништо со сигурност да се тврди дека е добро или лошо жените да се во врска со помлади мажи. Колку што повеќето од нив се сметаат за недоволно зрели или способни да се носат рамноправно со повозрасната жена, толку има и такви меѓу нив кои се сигурни во себе, понапредни од своите врсници и со поблиски сфаќања за животот до оние кои ги има неговата партнерка.

prednosti-i-maani-na-vrskite-so-pomladi-mazi-1

Би можело да ве интересира:

„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg