10 предности кои ги имате кога сте во врска со постар маж

Ако сте изморени од постојаното чекање на вистинскиот, добро проучете ги постарите мажи кои ги имате во близина, а се сами. Со нив секогаш ќе бидете во предност!

10-prednosti-koi-gi-imate-koga-ste-vo-vrska-so-postar-maz-01.jpg

Без разлика на табуата и предрасудите кои ги слушате за врските со помлади или постари мажи, добро би било уште еднаш да размислите.

Еве што може да добиете од секој зрел, малку повозрасен маж:

1. Тој точно знае кој е и колку вреди

Знае што сака и што мрази, но е доволно отворен за нови искуства. Неговата самодоверба е големо освежување кое ќе ви дозволи да дишете слободно.


2. Ги сака работите природни, какви што се

Па дури и во сексуален контекст. Тој ќе ве задоволи на секој можен начин без да постави едно прашање, вклучувајќи го и тоа дали денес сте совршено мазни.


3. Финансиски е стабилен

Постарите мажи се секогаш финансиски постабилни. И не, тоа не е причината заради која треба да сте со нив, но е огромен плус. Дури и да не е претерано богат, знае како да ги распореди парите кои ги заработува.


4. Никогаш нема да слушнете како ви вели „Моментално, работата ми е на прво место“

Постарите мажи имаат веќе постабилни работни позиции. Па, наместо да се фокусира на повисоко работно место (кое голема е веројатноста дека веќе го има), ќе се фокусира на вас, важите желби и заеднички планови.


5. Ако сте нерешителни, тој ќе одлучи

Постарите мажи обично ги знаат сите опции. Ако ви треба добро место за вечера, а не можете да се одлучите, доволно е само да го прашате. Верувајте дека идејата ќе биде фантастична!

10-prednosti-koi-gi-imate-koga-ste-vo-vrska-so-postar-maz-02.jpg

6. Сексот се претвора во водење љубов, секој пат

Сексот ќе биде интимен, секој пат. Постарите мажи немаат проблем со бакнежи, интимни погледи и допири. Колку и да бевте уверени дека сакате груб секс, кога еднаш ќе го искусите сексот кој се претвора во страсно водење љубов, ќе се предомислите.


7. Ги цени и сака долгите разговори

Тие нема да ве прекинат кога ќе ги раскажувате вашите идеи, планови за кариерата или авантурите кои сакате да ги доживеете. Напротив, постарите мажи ќе се потрудат да ви ги остварат!


8. Постарите мажи ја ценат младоста

Самоуверените мажи знаат како да се носат со вашата младост, годините и ведрината која ја поседувате. Тие никогаш нема да ве испрашуваат и да се сомневаат ако сте претерано енергични и дружељубиви. Напротив, ќе ја искористат вашата среќа за и тие да се подмладат.


9. Знае како да се справи со семејството

Од денот кога ќе ве запознае со домашните, сè ќе ви стане јасно. Постарите мажи знаат јасно да ги одредат границите, па вие никогаш нема да бидете ставени во незгодна ситуација со неговата мајка или сестра.


10. Тој ќе ви покаже места и работи кои не сте знаеле ни дека постојат

Искуството си доаѓа со годините, тоа не е тајна. Ако сте авантуристи и желни да го прошетате светот, дозволете му тој да ја направи мапата. Дозволете му да ви го покаже светот, во буквално и преносно значење.

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: „Сопругот не сака деца, а јас сум љубоморна на мојата бремена пријателка - што... „Кога се запознавме ми кажа дека не сака да имаме деца додека немаме своја куќа....
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg