Момци ова е афродизијакот со кој ќе ја одведете веднаш во кревет!
Тајната за тоа како најлесно девојката ќе “падне” на вашиот шарм е конечно откриена, а вие сте први кои ќе ја дознаете.
Иако жените постојано тивко кажуваат со што може да “паднат” лесно на вашиот шарм вие сигурно не обрнувате внимание на тоа. Постојано го носите на себе, предизвикува слатко гадење и мачнина кај девојките, но сепак не го забележувате неговото влијание или пак го занемарувате.
Сигурно се прашувате за што се работи, нели?
Одговорот е многу едноставен, не се работи за храна, апетисани или пијалоци кои удираат во крвта на жената што сакате да ја заведете, туку се работи за активирање на едно од основните сетила кај жената, а тоа е сетилото за мирис.
Точно, одговорот на тоа кој е афродизијакот со кој веднаш ќе ја одведете во кревет, нормално доколку тоа ви е целта или пак сакате да ја заведете веднаш е вашиот парфем!
Жените ги обожаваат машките парфеми, а со тоа оди во пакет и момче кое се негува и сака да мириса одлично во секоја прилика. Кога се активира сетилото за мирис кај жената, автоматски се активира и нејзината желба за секс.
Па момци, ставете го вашиот омилен парфем, две капки плус од обичната количина на нанесување и тргнете во напад кон таа што сакате да ја освоите, бидејќи доволно е само да ја почувствува неговата арома во воздухот!