Останав со девојката што веруваше во мене и станав најдобар!
Ја сретнав сосема случајно, а останав со неа намерно. Се запознавме во погрешно време, на погрешно место, но се покажа дека сме вистинските.
Впрочем јас мислев дека таа е минлива авантура, но подоцна сфатив дека е тоа што сум го барал со години во една девојка.
Таа беше грижлива, внимателна и ме ценеше, повеќе отколку што се ценев самиот, а можеби и неа покрај мене.
Еден ден ме праша кои се моите соништа. Ме збуни со прашањето и ја прашав зошто ме прашува такво прашање. Ми рече дека не сака да биде со некој што нема цел во животот и соништа кои не планира да ги оствари. За прв пат почувствував страв да не ја изгубам, сфатив дека сум ја засакал за сето ова време поминато заедно.
Изгледа грижата, вниманието и нејзината љубов ми годеа.
И одговорив дека имам соништа и цели кои сакам да ги остварам, но не верувам дека сум способен да го сторам тоа.
Бев искрен.
Таа ме потапка по рамото и ми рече дека треба да започнам да верувам во себе и да пробам да постигам успех, едноставно да ги следам соништата и да постигнам сè што сакам.
Јас верувам во тебе, рече.
Стравувајќи да не ја изгубам и реков дека ќе се обидам. Моите соништа беа скромни, но сепак недостижни за мене. Се обидував секој ден да ги достигнам правејќи мали чекори пред неа за да ја воодушевам и воедно да не ја изневерам нејзината доверба.
Еден ден работите ми тргнаа од рака бидејќи без разлика што таа веруваше во мене, гледајќи ги резултатите што ги постигнував сфатив дека можам да направам сè што ќе посакам. Започнав сам да верувам во себе и успеав.
Станав најдобар за себеси, а потоа за девојката до мене која постојано ме храбреше и поддржуваше.
Тогаш сфатив дека љубовта е онаа вистинската доколку го извлекува најдоброто од тебе, а таа девојка го извлече најдоброто од мене и ме направи најдобар!
Бидете со тој што ве бодри и ви дава слобода да одлучувате со сопствена глава, бидете со тој што ве крева кога ќе паднете, бидете со тој што ве прави најдобар во негово присуство, бидејќи е тој вистинскиот за вас.
Оној што ќе ве поттикнува да ги остварите соништата и целите за кои не верувате дека сте способни, оној што верува во вас, тоа е личноста со која што треба да останете.
Тоа е вистинска љубов!