Сè додека ме сакаш, нема да ме имаш повторно

Тој што летал високо, ниско паѓал... Не, тој што лета високо паѓа бидејќи нема некој што би го задржал при паѓањето.

se-dodeka-me-sakas-nema-da-me-imas-povtorno-01.jpg

Ти направи така со мене, ме натера да полетам да ги раширам своите крилја, прво да те прегрнам со нив, а потоа да одлетам на седмо небо.

Но, ти не одлета со мене, беше попаметен, остана на земја и беше присебен. А потоа ме повика со зборовите - симни се на земја.

Тогаш сфатив дека јас летам сама, тебе те нема покрај мене, паднав, ми се скршија крилата и се најдов пред твоите нозе, клекната како те молам да ми ги поправиш, да ми ги излечиш за повторно да летам. Но, ти не сакаше, ми рече дека сама треба да ги поправам, да пораснам, да се исчеличам.

Јас не сфатив, не знаев, се прашував како можам да поправам нешто кое јас не сум го создала? Како можам да го уништам отровот, ако противотровот се крие во твои раце?

Ти си како отров, моја зависност, полоша од сè!

Ти си како онаа последна чашка вотка која секогаш ја пијам, последна цигара за која ветувам дека е последна, но сепак пушам повторно во деновите кога те нема.

Се сеќаваш ли кога заедно ќе ги откажувавме цигарите?

Тие два месеци без да запалиме цигара, бодрејќи се еден со друг дека го можеме тоа и успеавме!

Но, тоа откажување траеше колку и нашата љубов, односно твојата кон мене. Кога заврши повторно ја зеде цигарата во рака и ја запали, исто како и љубовта. Ја запали без размислување, без двоумење, без да се покаеш... и ја остави да изгори во твоите раце, играјќи во твоите прсти, бакнувајќи ги твоите усни.

Сега сфаќам, ти мене ми беше онаа последна цигара која секогаш ја палев после откажување, а јас тебе ти бев отров од кој не можеше да се откажеш, но на крај се откажа иако противотровот сега беше во мои раце.

Ме остави и се спаси, барем така си мислиш, дека се спаси...

Јас ќе ти речам, не се спаси, се изгуби во непознат свет, каде нема ништо после мене, каде ниедна девојка не е како мене, а сите ти наликуваат на мене, во секоја од нив го бараш моето лице, мојата коса, мојата наивност, моите бакнежи...

Но, ги нема, тие се само мои, тоа сум јас и нема никој како мене колку и да се убедуваш дека ќе ме најдеш во друга!

Само толку имам да ти кажам, се надевам не е премногу, ниту премалку, исто како и твојата љубов, не премногу дадена за да не се занесам, но доволно за да спобудалам.

Инспирирана од оваа песна која ја слушав кога ти бев предадена безрезервно го напишав овој текст сега кога сфатив дека никогаш нема да ме имаш повторно, сè додека ме сакаш...

Би можело да ве интересира:

„Јас сум разведена жена и за една работа се каам најмногу“ „Се каам што ја пренагласив улогата негова сопруга и заборавив да ги следам свои...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg