Откачи го момчето во 6 чекори

Не сте направиле добар избор околу одбирањето на момче и сега не знаете како да го откачите.

otkacete-go-momceto-vo-6-cekori-1

Се обидувате на секој можен начин, но ништо не оди според планот, тој се уште е залепен за вас како мечка за мед.

Овие 6 чекори ќе ви помогнат да го “одлепите” и откачите на едноставен начин.


1. Не го барај

Доколку му се јавуваше на телефон само поради грижа на совест, престани со тоа. Освен што нема да го бараш, не му дозволувај и тој да те бара, собери храброст и спушти ја слушалката.


2. „Немам време”

Кога ќе те побара за излегување едноставно искористи го изговорот – „Немам време”, неколку денови со ред. Доколку и тоа не помогне, премини на третиот чекор.


3. Излегувај му пред очи

Откако ќе го откачиш со изговорот „Немам време” излези со пријателите на места на кои излегува тој или случајно налетај на него. Така ќе сфати дека навистина немаш време, но само за него.


4. Биди недостапна

Доколку и после овие три чекори не се откаже, едноставно избриши го од секојдневието неочекувано. Независно дали ќе го направиш тоа на социјалните профили или пак од телефонот, биди недостапна за него.


5. Кажи му директно дека не го сакаш повеќе

Ја спушташе слушалката, го одбиваше за излегување и беше недостапна, но после некое време повторно се појавил на твојата врата мислејќи дека сè уште сте заедно. Наместо да му ја лупнеш вратата пред нос, кажи му директно дека не го сакаш повеќе и објасни му дека си го избегнувала бидејќи, не си сакала да го повредиш.

otkacete-go-momceto-vo-6-cekori-2

Би можело да ве интересира:

Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg