Каква е совршената жена според мажите?
Нема маж кој покрај себе не сака совршена жена до крајот на животот. Но, кои се карактеристиките на совршената жена?
Според мажите, таа не смее да биде предебела. Секој маж покрај себе посакува жена со убаво и привлечно тело.
Совршената жена би требало да биде самостојна на сите полиња и да не зависи од мажот. Колку и да мислите дека му искажувате љубов така што постојано сте со него, тој добива спротивен впечаток.
Совршената жена би требало да има сопствено мислење и да не се сложува со сè што партнерот ќе каже или направи. Така што девојки, слободно искажете го вашето мислење.
Мажите сакаат да и покажат на жената дека можат да бидат финансиска потпора, но ниту еден маж не сака кога партнерката зависи целосно од него. Учествувајте во трошоците кои ги носи вашата врска или брак!