8 работи кои вашиот сакан ги цени кај вас

Стабилните врски се резултат на взаемна почит, страст, искреност и пред сè пријателство помеѓу две вљубени души кои што го постигнале врвот на својот однос во секаков поглед.

8-raboti-koi-vasiot-sakan-gi-ceni-kaj-vas-1

Доколку и вие се чувствувате дека сте дел од една таква врска, ќе се пронајдете во овие 8 работи кои ги правите за вашиот партнер, а верувајте дека тој ги цени од негов аспект иако вие не го забележувате тоа:

Почит

Му давате простор за себе, а исто така го прифаќате неговото мислење иако можеби не секогаш се сложувате со него. Тоа се вика почит, а тој го забележува тоа.

Момците ја ценат женската почит кон нив бидејќи така се чувствуваат возвишено и знаат да возвратат со иста мера.


Посветено време

Се прашувате зошто иако бил уморен, после работа ви приготвил романтична вечера или ве изненадил со масажа кога најмалку сте очекувале? Одговорот побарајте го во себе.

Вашиот сакан не го заборава времето кое претходно сте му го посветиле и сака да се почувствувате посебно исто како што се почувствувал тој.


Вашиот изглед

Мажите сакаат кога жените се средуваат за нив. Тоа што вие блескате кога ве држи за рака претставува негова гордост, а воедно и му дава до знаење дека неговото мислење за вашиот изглед е важно.

8-raboti-koi-vasiot-sakan-gi-ceni-kaj-vas-2

Начин на разговор

Докажано е дека женскиот глас знае да го разнежни машкото во секаква ситуација, а богами и да го возбуди.

Доколку му се обраќате со нежен секси тон на гласот, верувајте дека вашиот сакан го цени тоа и би направил сè за вас. Како би одолеал?


Охрабрување и поддршка

Вие сте неговата друга половина која го поддржува и охрабрува. Тоа се главните компоненти за здрава, стабилна врска и вашиот сакан го знае тоа.

Додека има личност како вас покрај себе, тој се чувствува сигурно и сакано.


Го цените и му се восхитувате

Слично на поддршката и охрабрувањето, восхитот и ценењето на партнерот од секој аспект делува позитивно врз него.

Продолжете да го правите истото во иднина и никогаш нема да наидете на големи проблеми кои можат да ја уништат вашата прекрасна врска.


Независност

Вие сте независни. Имате свој живот, свои обврски и пријатели.

Тој не се чувствува како ваша дадилка и тоа го прави среќен бидејќи ја цени вашата независност, а фактот дека можете да живеете без него го прави да ве посакува уште повеќе.


Го посакувате

Нормално е во долга врска страста понекогаш да дава знаци на згаснување, но доколку вие се трудите да ја разгорите повторно тоа само по себе ќе го возбуди вашиот партнер.

Приредувањето на секси изненадувања во кревет или преминување на границите кои на почетокот на врската не сте си дозволувале да ги поминете му покажуваат на партнерот дека вие го посакувате.

8-raboti-koi-vasiot-sakan-gi-ceni-kaj-vas-3

Доколку ги правите овие работи за вашиот партнер, верувајте дека тој ве цени повеќе од доволно и знае дека ја има вистинската личност покрај себе.

Продолжете со исто темпо и уживајте во хармонијата.

Би можело да ве интересира:

5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg