Кога за првпат...

Често се колебаме во врска со избраните луѓе. Често бараме знаци крај патот за да откриеме дали личноста со која сме е токму таа, вистинската или само го губиме времето.

koga-za-prvpat-1

Понекогаш не се потребни говори и стапици. Доволни се само неколку показатели кои се случиле за првпат:

Кога за првпат излеговте сами без да ја почувствувате непријатната тишина. Седите еден покрај друг, секој го прави она што го сака и не чувствувате обврска дека некако мора да го пополните ремето.

Кога за првпат ќе сфатиш дека тоа е личноста која знае да те извади од такт или да те доведе до работ на нервите, но истовремено, тоа е личноста која не би ја заменила и секогаш би ја одбрала пред сите други.

Кога за првпат сте голи еден пред друг и тоа можете да го прифатите без да се чувствувате несигурно или непријатно. Гледате еден во друг, се прифаќате и себеси и другиот без да барате маани.

Првиот пат кога ќе сфатиш дека си со личност која го вади најдоброто од тебе и те прифаќа онаков/ва каков што си со сите твои маани. Кога за првпат некој ќе знае да се носи со тебе во секоја ситуација без да има потреба да те убедува или менува.

Кога за првпат ја кажуваш својата најголема мрачна тајна, а другата личност тоа го прифаќа како дел од тебе. Без негодување и зголемување на тензијата, кога за првпат некој е покрај тебе сигурен и подготвен да се бори за она што го сака.

koga-za-prvpat-02

Кога за првпат ќе бидете разделени на подолг период и имате  чувство на среќа токму заради тоа што ви недостига. Времето не поминува, а вие наместо да одморате еден од друг повеќе си недостигате. Одбројувате денови и едвај чекате да се фрлите в прегратка.

Кога за првпат помислувате на нешто лудо што треба да се случи и да трае до крај на животот, личноста која ја гледате покрај вас во сето тоа е токму личноста со која сте во моментот. Оној миг кога без размислување сфаќаш дека со една личност би направил сѐ, тогаш тоа е вистинскиот избор.

Првиот пат кога сфаќаш дека толку добро познаваш некоја личност што во секој момент знаеш како би изреагирала, што би посакала или што би избрала. Кога за првпат сфаќаш дека таа личност толку долго живее во тебе, што речиси дишете како едно. Кога сето тоа се чини налудничаво, а сепак неодоливо.

Кога за првпат забележуваш нова и атрактивна личност, кај која можеби имаш големи шанси, но ти одбираш да бидеш со единствената личноста која целосно те исполнува. Кога за првпат немаш потреба од други луѓе и совеста ти е мирна знаејќи дека тоа е вистинската личност.

Кога за првпат ќе сфатиш дека личноста со која си заедно те сака повеќе отколку ти неа, те обожува и ти го покажува тоа. Тогаш сфаќате дека нема подобра личност, нема подобри моменти и немате потреба од понатамошно барање на нешто дополнително. Ниеден трик не ја заменува магијата на љубовта.  

koga-za-prvpat-03

Би можело да ве интересира:

Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg