Доживејте тантричен оргазам: 3 незаборавни секс пози
Тантричкиот оргазам е едно од најсилните и најсензационални искуства кои женското тело може да го доживее. До него се доаѓа со интензивна стимулација за која мора да одберете вистинско време, место и позиција.
Токму затоа, ви предлагаме 3 сензационални пози кои сигурно ќе внесат нова возбуда во вашиот живот.
Допир на цвет
Освен тоа што е одлична стимулација на Г-точката, оваа поза може да ве доведе до повеќе оргазми по ред. Се препорачува за жените во првите месеци од бременоста и за оние кои имаат проблем со прекумерната тежина.
Слична е на класичната мисионерска поза, но во овој случај жената лежи со подигнати нозе префрлени преку неговите раменици, што дополнително го олеснува патот до женската Г-точка.
Пристап од позади
Или попозната како кучешка поза, е одлична за стимулација на женската Г-точка. За време на односот препорачливо е жената малку да го подвитка грбот и да се спушти на креветот со главата.
Иако на прв поглед ви изгледаат како ситници, овие детали може да ви ја откријат тајната на силниот оргазам.
Жешко седнување
Уште една поза од познатата Кама Сутра - мажот седнува на креветот, со раширени нозе и потпрен на рацете, додека жената ја има главната улога.
Таа седнува на него со подигнати нозе и свиткани коленици преку неговите раменици, по што таа го одредува темпото и ритамот на играта.
Иако преку оваа поза нема директен притисок на Г-точката, еротичноста на самиот поглед доведува до тантричен оргазам.