Најлоши видови момчиња
Во очајни времиња се посега по очајни момчиња. Девојките мора да признаат дека понекогаш одат на лоши состаноци само затоа што им е здодеано...
... да чекаат подобра прилика.
Сепак, следните шест типа момци треба да се избегнат по секоја цена. А оние момци што ќе се препознаат во листата, треба да бидат поискрени и да престанат да очекуваат девојката да ги прифати сите нивни маани.
Раскинат
Дечкото кој само што излегол од значајна врска нема да успее да забележи колку си одговарате, ниту колку супер девојка сте вие. Единствено ќе ве споредува со тазе поранешната, ќе се обидува да ја направи љубоморна или да ви се одмазди вам за она што таа му го направила. Внимавајте и одржете пријателски однос се додека не помине доволно време.
Исчезнувач
Навидум нормално момче кое има супер моќ да биде невидлив од време на време. Секако дека изговорот „Имам многу работа“ може да биде вистина, но најчесто тука има нешто повеќе.
Почетоците на сите врски се различни, па не е чудно ако не се слушате секој ден. Чудно е ако неколку дена постојано се слушате и гледате, а потоа неколку дена момчето едноставно го снемува.
Манекен
Беспрекорно негуван дечко кој вози спортска кола и има најскап мобилен и уште низа техничко-дизајнерски додатоци е човек кој својата самодоверба ја гради само преку имиџот и нема да и` дозволи на девојката да му се приближи доволно блиску за да ги открие неговите (многу) несовршености.
Оној што изгледа среден како за на постер, е премногу добар за да биде вистинит. Поука: Не е премногу добар, туку не е вистинит.
Дрзок
Зборува на мобилен додека седите на кафе, и` намигнува на келнерката, и` го бара бројот додека вие сте во wc, излегува прв и остава вратата да ви тресне пред нос... Ако е непристоен, не ви треба.
Фаќач
Раце на колено, раце на препони, раце во коса, раце околу половина. Не мора да биде сексуално поврзано за да биде чудно ако новото момче постојано ве допира. Тој веројатно ќе рече дека сте неодоливи и дека прв пат се чувствува толку поврзан со некоја девојка, но човек што ве знае пет минути, а прави да се чувствувате непријатно едноставно не ве почитува.
Ланското момче
Полесно е да му се јавите на бившото момче, отколку да чекате да запознаете ново и да се зближувате со него. Но, по неколку недели ќе се сетите зошто сте раскинале. И нема да бида пријатно потсетување. Затоа продолжете понатаму и кога ќе се почувствувате осамени не ѕиркајте во минатото. Почекајте подобри денови.