Дознајте како ве открива бакнежот

Бакнежите се совршен начин со чија помош се покажува што чувствувате. Се смета дека бакнежот е силна желба да се почувствува дел од саканата личност.

doznajte-kako-ve-otkriva-baknezot-1

Со овој сладок знак на внимание се поврзуваме со блиските луѓе, пријателите, децата, но се искажува и страст кон партнерот.

Што покажуваат различните бакнежи?

Образ
Бакнежот во образ може да биде сладок начин со чија помош се искажува наклоност кон драга личност, или срамежлив начин со чија помош сакаме да и се приближиме на личност со која сме на прв состанок. Бакнежот во образ обично се случува со затворени усни и не мора да биде поврзан со физичка привлечност.

Уво
Бакнувањето во уво е полно со страст и има сексуални намери во зависност од интензитетот. Бакнежот во уво ве одава како разиграни и палави.

Врат
Бакнежот во врат е многу сензуален и романтичен и е добар вовед во предигра.

Рака
Гестот бакнеж на дланката, особено на надворешната страна од дланката означува восхит, нежност и желба за љубов. Покажува и доверба која ја чувствува личноста кон оној чија рака ја бакнува.

Чело
Бакнежот во чело е заштитнички и оддава голема нежност.

doznajte-kako-ve-otkriva-baknezot-2

Бакнеж со прегратка
Кога истовремено се бакнуваат и гушкаат двете тела се во близок контакт. Ова означува силна привлечност на сензуално и сексуално ниво и взаемно предавање.

Усни
Бакнежот во усни означува страст, може да вели „Те сакам“, или „Сакам да бидам со тебе“, а може да значи и само пријателство ако е површен. Толкувањето на бакнувањето во уста зависи од интензитетот. Бакнувањето со затворени усни е карактеристично за старите филмови во кои главниот јунак цврсто ја „грабнува“ својата драга и на тој начин вели „моја си, немој д асе спротивставуваш“, а таа од сè срце му се препушта.

Француски бакнеж
Бакнувањето со отворена уста кога се допираат јазиците, покажува страст и предавање. Овој бакнеж може да покаже каква е хемијата помеѓу двајца луѓе, а често покажува и каква е личноста во кревет. Истражувањата покажуваат дека за жените бакнежот е мерило каков е мажот во кревет, а за многумина бакнувањето е и поважно од сексот.

Бакнување со отворени очи
Иако повеќето луѓе најмногу сакаат да се бакнуваат со затворени очи, оние кои не ги затвораат кога се бакнуваат, се таканаречени, набљудувачи.

Бакнување со затворени очи
Личноста која ги затвора очите кога се бакнува е примател. Кога ги затвораме очите, се зголемува чувството на допир и така повеќе се ужива во бакнежот.

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
Една најважна лекција што ја научив за љубовните врски „Мојата сопруга почина по само 10 години брак, така што ‘засекогаш’ не ви е вете...
„Жена ми сака секс само ако планираме бебе, а веќе имаме 4 деца - фрустриран сум“ (18+) Кое е вашето размислување на оваа тема? На кој начин сметате дека може да се под...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg