10 СМС пораки кои не треба да ги испратите на бившиот партнер
Можеби треба нешто да и кажете или да ги земете своите работи кои останале кај неа, или сакате да ја прашате како и се родителите кои биле болни додека сте биле зедно.
Но, пред да ја пратите пораката, обидете се да се придржувате кон правилото за едномесечно нејавување. А кога ќе ја испратите првата порака, бидете подготвени дека можеби и нема да добиете одговор, или барем не онаков каков што сте очекувале.
Ова е список на работите кои никако не смеете да ги напишете во смс порака.
1. Порака со еден збор
Не праќајте, „хеј“ или слично. Ако имате нешто да кажете или прашате, направете го тоа во првата порака. Веднаш поминете на главното. Немојте да го ставате бившиот партнер во положба да интерпретира зошто му се јавувате сега.
2. Нежни зборови и смешковци за флерт
Не сте повеќе заедно, па немојте да користите имиња со кои сте се нарекувале додека сте биле во врска. Не можете да му зборувате во деминутив откако сте раскинале.
3. Зајадливи пораки
Ако сте вознемирени, споделете го тоа со пријателите. Немојте да праќате грди пораки само затоа што се чувствувате уморно, осамено, или затоа што сте пијани.
4. „Зошто не ми одговори на поракта?“ или „Дали ја доби мојата порака?“
Испратете една порака. Ако тој/таа не одговори, прифатете го фактот дека најверојатно не сака никаков контакт со вас.
5. Пораки во кои се потсетувате на вашата врска
Немојте да пишувате за работи кои се случиле во вашата врска. Сè што било во врската, а што сакате да го исфрлите од себе, споделете го со приајтелите или запишете го во дневник, немојте тоа да и го кажувате на личноста која ви го скршила срцето.
6. Покана за секс
Ова никогаш, ама никогаш не е добра идеја.
7. Мислам на тебе
Нормално е да мислите еден на друг уште извесно време по завршувањето на врската. Но, кога еднаш ја завршите врската, немојте да го известувате бившиот партнер дека мислите на него.
8. Предизвикувачки фотографии
Исто како и повикот на секс и ова не е добра идеа бидејќи на крајот може да се сведе на исто.
9. Очајнички извинувања и молби
Немојте да се обидувате да го вратите бившиот партнер така што со пораки ќе го молите да ви се врати.
10. Уште една порака, па уште една
Кога ќе го постигнете она што сте сакале да го постигнете – на пример, сте се согласиле да ви ги врати книгите во вторник – завршете го разговорот. Бидете вие тој/таа што ќе го заврши допишуавњето. Ако се двоумите дали да испратите уште една порака или не – немојте да ја праќате.