5 женски грешки во кревет
Секспертот Tracey Cox, позната по книгите и ТВ емисиите посветени на решавање на сексуалните проблеми ги нуди најдобрите пет совети за жените...
...до кои секако дошла по многубројни опширни интервјуа со мажи од различни возрасти и професии. Еве на што се жалат мажите:
Не знаат доволно
„Таа почнува да се кикоти секогаш кога се обидувам да и кажам како да ме допре за да ме возбуди. Mожеби мисли дека тоа е симпатично, но мене ме навредува фактот дека не само што не знае како функционира мојот пенис, туку и нема намера да научи“, вели еден од испитаниците.
И... Во право е. Сепак треба да ја познавате основната анатомија. Иако едни исти работи нема да наидат на ист ефект кај различни партнери, сепак повеќето мажи имаат неколку заеднички точки на топење.
Ако навистина не знаете купете секс прирачник и откако ќе ја совладате биологијата продолжете со пракса.
Партнерот ќе биде расположен да ви открие што го возбудува, се додека гледа дека сте вистински заинтересирана: не бидете гадливи и користете ги сите прсти. Ако се кикотите - ќе го засрамите.
Очекуваат да им ги читаш мислите
„Ја прашав дали доживеала оргазам и ми рече не. Ја прашав зошто и таа се пожали дека сакала орален секс, но не го добила, па уште ми рече „Ако навистина ме сакаш ќе знаеше што сакам во моментот.“
Бесмислено е да очекувате дека партнерот ќе ги знае вашите неизустени желби. Само затоа што некој добро ве познава и сака да ве задоволи не значи и дека чита мисли. Кажете што сакате или престанете да се жалите!
Сакаат секс само на почетокот на врската
„Така било со секоја девојка што сум ја имал. На почетокот се незаситни, а по одредено време престануваат да сакаат секс“
Најлогичното објаснување според Tracey е дека во овие случаи девојките глумеле оргазам на почетокот, а откако го добиле типот престанале да се мачат. Во ваква ситуација проблемот е поголем и потребен е искрен разговор. Но, на жените им станува здодевно и кога сексот ќе стане предвидлив. А кога е здодевно, тешко е да се доживее врвно задоволство.
Лекот за ова се малите промени - една ситна промена во секој нареден однос ќе ја одржи страста на високо ниво. Тоа не мора да биде којзнае што - сменете поза, сменете соба, облечете нова секси долна облека, уклучете/исклучете ги светлата...
Се` оставаат на нас
Еден од испитаниците го споредил сексот со девојката со јадење шпагети - „Но, шпагетите барем мрдаат кога ја движиш вилушката“
Повеќето жени очекуваат мажот да го иницира сексот, а и сметаат дека е негова работа да се потруди да го направи односот добар.
Жената мора да се вклучи во чинот - никој не сака да има секс со партнер што само лежи на креветот. Барем понекогаш направете го првиот чекор и заведете го својот партнер... Барем понекогаш вие бидете од горе, а ако навистина сакате да го импресионирате иницирајте секс кога најмалку очекува - не мора да биде навечер и не мора да биде во спална.
Премногу се параноични
„Мрази да се сврти на страна затоа што стомакот и` бил дебел. Не сака да биде горе поради тоа што градите ќе и` изгледале смешно. Не сака да стане додека е уклучено светлото за да не и` го гледам задникот“ - ова се дел од поплаките на мажите кои ги интрвјуирала Tracey.
Најголем дел од мажите не ги гледаат женските тела со критичност каква што имаат самите жени. А освен тоа, машката и женската идеја за совршено женско тело не се согласуваат. Она што за жената се катастрофални неколку килограми плус, за мажот се прекрасни сензуални облини.
Тие не размислуваат во насока „дебела“ и „тркалезна“, туку „мека“, „топла“ и „сензуална“. Но, ако жената оди во кревет со помислата дека не изгледа добро, овие грижи ќе го уништат сексуалниот живот.
Едно истражување спроведено во САД покажува дека жените кои имаат позитивен став за своите тела доживуваат оргазми во 75% од сексуалните односи, за разлика од жените кои се загрижени за својот изглед и имаат оргазам само 42% од времето.
Сексуалното доживување повеќе е поврзано со внатрешноста, а не со надворешноста. Ако очајно се обидувате да го вовлечете стомакот никогаш нема да бидете ментално подготвени за уживање. Добрите љубовници пред се` се луѓе задоволни со себеси.
Чувствувајте се секси и ќе бидете секси!