4 најлоши раскинувања

Прекинувањето на врската е нормална и вообичаена појава. Иако ситуацијата понекогаш се чини безизлезна, важно е да се остане присебен и храбар и да се заврши врската која е осудена на пропаст. Но постојат кукавички и нечувствителни начини кои не смеете да си ги дозволите.

4-najlosi-raskinuvanja

1. Раскинување „преку жица“
Раскинувањето преку телефон е многу поедноставно бидејќи нема да морате партнерот да го гледате во лице, а за текстот можете да се погрижите однапред и да го напишете. Најлошата солуција на ова кукавичко раскинување е оставањето на гласовна порака, или пишување на СМС порака. Во секој случај, ова е дефинитивно едно од најлошите раскинувања.

2. Раскинување преку мејл
Да и се испрати мејл на личност која ја оставате, дава можност да и напишете сè што ви лежи на срце и при тоа никој не може да ве деконцентрира. Но, имајте на ум дека ваквото раскинување е сурово, па добро размислете пред да се одлучите на тој потег. Категорично не.

3. Раскинување преку посредници
Вклучувањето на трета личност во раскинувањето е многу опасен потфат. Предност би било тоа што таа личност е посмирена и емоционално постабилна од вас, па на поубав начин може да ја соопшти тажната вест. Без разлика на оваа, на прв поглед предност, немојте да бидете вака студени и нечувствителни!

4. Игнорирање
Најлошиот и најкукавичкото раскинување кое некому може да му падне на ум е игнорирањето. Овој потег нема позитивни страни, а единствено полошо од вакво раскинување, може да биде изневерувањето. Ако вакво нешто ви падне на ум, веднаш заборавете го. Почитувајте ја личноста во која сте биле вљубени.

Би можело да ве интересира:

Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
Знаци дека некој се вљубува во вас на прв поглед, според експерт за говор на тело Разговара со вас, а погледот ѝ шета од очите до усните... Кои знаци ја издаваат ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg