Тајната на вистинската љубов откриена од Бред Пит
...Жена ми се разболе. Беше постојано нервозна поради проблеми во работата, приватноста, нејзините неуспеси, проблемите со децата. Таа загуби 15 килограми тежеше само 40 килограми, а има 35 години.
Се стопи, постојано плачеше и беше разочарана од сè и од сите. Ништо не ја радуваше, постојано ја болеше главата, срцето, нервите во 'рбетот и ребрата. Спиеше лошо, не можеше да спие по цели ноќи и наутро беше уморна. Врската ни беше на работ.
Убавината ја снемуваше... и се појавија ќеси под очите, таа престана да се грижи за себе. Одбиваше да снима филмови и воопшто сите други улоги. Јас изгубив надеж и мислев дека наскоро ќе се разделиме ...
Но, решив да дејствувам и да превземам нешто. Ја имам најубавата жена во светот. Таа е идеал на повеќе од половина жени и мажи на земјата, а мене ми дозволила да спијам до неа и да ја прегрнувам. Почнав да ја засипувам со цвеќе, бакнежи и комплименти. Правев изненадувања и се радував секоја минута со неа. Ја изненадував подароци и живеев заради неа. Им зборував на луѓето само за неа. Сите теми се сведуваа на нејзина страна. Ја фалев пред моите и нашите заеднички пријатели.
Нема да поверувате - таа повторно расцвета. Стана поубава отколку што беше порано. Додаде тежина, престана да се нервира и ме бакнуваше посилно отколку порано. Јас дури и не знаев дека таа може ТАКА да бакнува.
И сфатив едно:
Жената е одраз на мажот и ако ја сакаш до безумие, таа ќе ти одговори со истото!