Во љубов со Ајфеловата кула
Жена од Сан Франциско која пред две години се обврзала на вечна љубов на Ајфеловаа кула и го променила името во Ерика Ајфел, сега изјавува...
...дека нивната врска е многу повеќе од секс и романтика.
Ерика Ајфел е само една од личностите кои во сексолошките прирачници ги опишува луѓето кои се емотивно и сексуално поврзани за предмети.
Овие денови сопругата на Ајфеловата кула објаснила за врската помеѓу неа и челичната париска кула. “Неговата структура е преубава.
Знаете, има суптилни кривини“ го опишува 30 годишната Ерика својот партнер кој деновиве е изложен на повеќемесечно боење.
Како на тоа ќе реагира неговата прекуокенска љубовница, се уште не се знае.
Постојат многу луѓе кои се привлечени сексуално од предмети - компјутери, музички инструменти и се среќни и не би промениле ништо. Голем дел од нив имаат Аспергеров синдром или страдаат од аутизам.
Аспергеров синдром го добил името по австрискиот педијатар Ханс Аспергер, и опишува деца кои не се способни за вербална комуникација, покажуваат недостиг на емпатија и физички се неспретни.