Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации
Одбивате професионална помош
Некогаш на паровите им треба помош од професионалец, и тоа е сосема во ред.
А, некогаш, брачниот советник може да препорача вие или партнерот да одите и на соло терапија.
Ако, на пример, вие имате проблем со изливи на гнев, тогаш препорачливо е да одите на терапевт сами за овој проблем.
Доколку одбивате, нема да ги решите проблемите во бракот што произлегуваат оттука.
Целосно сте зависи од партнерот
Ако едниот од партнерите е одговорен за приходите, а другиот за обврските низ домот, важно е оној што останува дома да не биде целосно зависен од другиот.
Односно, ако вие не работите и се грижите за домот, не треба да го молите партнерот за да ви овозможи нешто.
Не треба од него да чекате дозвола за да купите нешто, да излезете или да имате некое хоби.
И најмалите караници ескалираат
Малите караници во врската се нормални и обично се решаваат веднаш.
Но, ако со партнерот успевате да направите драма и од најмали ситници, тогаш сигурно имате голем и сериозен проблем.
Ги заборавате убавите нешта во врската
Дали ви е тешко да се присетите на убавите мигови со партнерот?
Ако долг период сте несреќни заедно, со текот на времето ќе почнете да заборавате на убавите моменти и главниот фокус ќе ви бидат караниците и конфликтите.
Спирова С. | Црнобело