-->
-->


Прашувам за пријател: „Го изневерив сопругот и првпат доживеав оргазам, веќе не сакам здодевен секс – што да правам?“

„Малку е веројатно дека некогаш со некого повторно ќе ја почувствувате истата возбуда како со мажот со кој сте имале секс за една вечер (и со кого го изневеривте сопругот). Самиот факт што ви се случува нешто различно и 'валкано', ја направило целата ситуација повозбудлива, па можеби тоа е причината поради која сте доживеале оргазам“, вели секс колумнистка.

prashuvam-za-prijatel-go-izneveriv-soprugot-i-prvpat-dozhiveav-orgazam-vekje-ne-sakam-da-imam-zdodeven-seks-shto-da-pravam-01.jpg

Рубриката „Прашувам за пријател“ на британскиот магазин Metro е место каде луѓето поставуваат прашања анонимно, бидејќи им е незгодно да зборуваат јавно на одредени теми.

Некои двојки можат да имаат долга и силна врска без секс (или со лош секс), но за други, сексот е важна нишка која ги држи заедно.

Во оваа рубрика, едно од прашањата гласи: „Го изневерив сопругот, го имав најдобриот секс во животот и првпат доживеав оргазам, па веќе не сакам да живеам во брак со здодевен секс. Што да направам?“

Одговорот овој пат го даде Лора Колинс, секс-колумнистка во Metro:

„Дали е сексот единствената работа што не чини во вашиот брак? Не дозволувајте сексот за една вечер да ви го растури бракот, без да пробате да го решите проблемот кој очигледно ве мачи.

Дали тоа што вашиот сопруг не е добар во кревет е единствената причина поради која не можете да доживеете оргазам? Како ви беше пред да се омажите?

Понекогаш бракот го менува сексуалниот живот, до толку што тој станува рутина и не е воопшто возбудлив како на почетокот на врската.

Првата работа што треба да ја направите е да му пристапите отворено на партнерот и да му кажете дека не уживате во сексот како порано, па заедно да се обидете да го подобрите.

prashuvam-za-prijatel-go-izneveriv-soprugot-i-prvpat-dozhiveav-orgazam-vekje-ne-sakam-da-imam-zdodeven-seks-shto-da-pravam-02.jpg

Малку е веројатно дека некогаш со некого повторно ќе ја почувствувате истата возбуда како со мажот со кој сте имале секс за една вечер (и со кого го изневеривте сопругот).

Самиот факт што ви се случува нешто неочекувано, различно и 'валкано', ја направило целата ситуација повозбудлива, па можеби и тоа е една од причините поради која сте доживеале оргазам.

Затоа, треба да ги намалите очекувањата, но и да го искористите тоа што го доживеавте за да го подобрите сексуалниот живот со сопругот.

Кажете му дека сакате да пробате нешто поинакво, поавантуристичко, зборувајте му валкано, со секси глас и гледајте ја неговата реакција.

Можеби и тој ќе се возбуди од помислата да избегате од рутината на вашиот сексуален живот.

prashuvam-za-prijatel-go-izneveriv-soprugot-i-prvpat-dozhiveav-orgazam-vekje-ne-sakam-da-imam-zdodeven-seks-shto-da-pravam-03.jpg

Ако се потрудите да ја смените сексуалната рутина, но и понатаму не чувствувате задоволство, тогаш самата ќе треба да решите што понатаму, колку ви е важен сексот и дали вашиот брак може да ја преживее оваа криза.

Сексуалната компатибилност не е сè во врската и бракот, но секако е многу важна.

И запомнете, тоа што сте го изневериле еднаш сопругот не треба да ви се претвори во деструктивна навика која со сигурност ќе го уништи вашиот брак.“

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Една работа која ми го спаси бракот, откако добивме деца со сопругот Со партнерот имавме луда романса. Постојано мислевме еден на друг, се состанував...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Работи за сексот, што сите ги интересираат (а срам им е да прашаат), според сексолози Колку и да се трудиме да покажеме дека сме модерни и современи, сепак има некои ...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg