Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Ја изневерувам жена ми 11 години - ќе ви откријам 7 знаци кои укажуваат дека партнерот ве изневерува“

Заборавете на сексот

Ненадејно партнерот ја губи желбата за секс, го менува начинот на сексуалната врска, и секогаш избегнува да биде интимен, тоа може да биде загрижувачки знак.

Иако недостатокот на секс може да биде предизвикан од голем број други причини, потребно е да се обрне внимание дали се присутни и некои од другите споменати знаци.

Неконтролирано трошење пари

Забележувате дека парите одеднаш ги снемува. Отворате извод од банкарска сметка и гледате дека се направени уплати за купување луксузни подароци што никогаш не сте ги добиле, или за вечери и хотелски соби, тогаш е време за сериозен разговор.

Иако, често може да се случи парите да се потрошени за некое изненадување што партнерот ви го подготвува, сепак необичното трошење може да биде знак дека треба да бидете внимателни.

ja-izneveruvam-zhena-mi-11-godini-koi-7-znaci-ukazhuvaat-na-toa-deka-partnerot-ve-izneveruva-04.jpg

Покажува чувство на вина

Мажот што изневерил почнува да покажува чувство на вина на најразлични начини. Може да се случи одеднаш да почне да покажува повеќе внимание, да ви носи скапи подароци, да ве опсипува со комплименти или да се труди да ви ја докаже својата наклонетост.

Ова може да биде начин со кој се обидува да компензира за чувството на вина и да ви го оттргне вниманието од можните сомнежи.

Иако ретко може да се случи чувството на вина да биде преголемо и сѐ да признае, најчесто ова се манифестира со целосна промена во односот.

ja-izneveruvam-zhena-mi-11-godini-koi-7-znaci-ukazhuvaat-na-toa-deka-partnerot-ve-izneveruva-09.jpg

 Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 знаци дека партнерот планира да ве напушти (и има план Б) Одеднаш почнува да ви зборува за луѓе чии имиња ги слушате првпат. Постојано спо...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
5 знаци дека вашиот партнер ќе биде добар и грижлив сопруг На почетокот од врската не ве притискал за секс, а кога ќе вети нешто, го исполн...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg