„Ја изневерувам жена ми 11 години - ќе ви откријам 7 знаци кои укажуваат дека партнерот ве изневерува“
Мажот што изневерил почнува да покажува чувство на вина на најразлични начини. Може да се случи одеднаш да почне да покажува повеќе внимание, да ви носи скапи подароци... Британец кој 11 години изневерува открива кои се првите знаци дека партнерот има афера.
Анонимен Британец кој се јавува под псевдонимот Dark Horse, тврди дека цели 11 години постојано ја изневерува сопругата и покрај тоа што со неа има 3 деца. Тој за весникот The Sun откри интересни детали што би можеле да укажат на тоа дека партнерот ве изневерува и има паралелна врска.
„Знаците се насекаде, Почнете од мене, јас постојано изневерувам, а не сум единствен.
Вистината е дека сите ние оставаме знаци зад нас. Честопати случајно и освен ако не сте вистински професионалец на ова поле, најчесто сите што изневеруваат оставаат знаци зад себе“ – вели тој.
Според него, доволно е само да внимавате на неколку важни детали за да откриете дали партнерот почнал вонбрачна афера.
Секогаш има трага на технолошките уреди
Во ново време, технолошките уреди најчесто ги кријат сите докази. Па, така, таму може да се најдат знаци дека партнерот крие нешто од вас.
„Ако мажот одеднаш стане доста заштитнички настроен кон телефонот или компјутерот, често ја брише историјата на пребарувања, ги менува лозинките без причина и го превртува екранот на телефонот, тоа може да ви укаже дека крие нешто“ – вели тој и додава дека иако секој заслужува приватност, ваквата нагла промена најчесто укажува дека тој или таа крие нешто од партнерот.
Заборавил дека ви е роденден
Според овој маж, кога партнерот станува дистанциран, избегнува важни разговори и не е заинтересиран да сподели како му поминал денот, тоа може да значи дека емотивно е инвестиран на некое друго место.
„Неверството не е само физички чин, туку и емоционално предавство. Кога некој емотивно се вложува во друга личност, почнува да се оддалечува од партнерот, а тоа може да се манифестира така што тој избегнува контакт со очи, заборавање важни дати или индиферентност кон други важни настани во животот“ – се вели во текстот.
Одеднаш станува зависен од работа
Одеднаш мора да остане до доцна на работа, да оди на службени патувања или има нејасни објаснувања за постојаното отсуство, тоа може да биде знак дека нешто крие и се обидува да прикрие дека оди на друго место.
Често ја менува приказната
Велат дека тој што лаже има двојно поголема работа, затоа што мора да ги помни сите детали за кои што излажал.
„Кога на вообичаените, секојдневни прашања ќе добиете непријателски однос или премногу комплицирани одговори, тоа може да укаже на чувство на вина или избегнување на одговор.
Ако забележите дека постојано се измачува да остане доследен до приказната, постојано менувајќи ги деталите на приказната, или се брани кога ќе му се спротивставите, тоа може да значи дека треба да копате подлабоко“ – советува овој маж.