Што се случува со телото ако долго време немате секс?

Висок крвен притисок и зголемен ризик од еректилна дисфункција – постојат неколку промени кои можете да ги забележите ако долго време немате секс. Сепак, важно е да знаете дека воздржувањето од секс поради која било причина не мора да значи дека вашето здравје ќе страда.

shto-se-sluchuva-so-teloto-ako-dolgo-vreme-nemate-seks-01.jpg

Желбата за секс е различна кај секого, а истовремено се менува и низ годините.

Бројни истражувања покажуваат дека од сексот има многу придобивки за менталното и физичкото здравје, но дали организмот трпи последици ако немате секс?

Важно е да знаете дека освен ако немате здравствен проблем, ниското либидо не треба да ве загрижува.

Ако долг период немате секс, не мора да значи дека вашето здравје ќе страда. Но, некои луѓе можат да забележат некои промени.

Генерално, ова се промени кои се забележани во некои истражувања и не мора да важат за буквално сите.

Што може да се случи со телото ако долго време немате секс?

Зголемена анксиозност

Сексот го намалува стресот, а со тоа и симптомите на анксиозност.

Па, ако долго време немате секс, можно е симптомите да ви бидат поизразени.

shto-se-sluchuva-so-teloto-ako-dolgo-vreme-nemate-seks-02.jpg

Можни проблеми со срцето

Некои истражувања покажале дека луѓето кои имаат секс поретко од еднаш месечно се изложени на зголемен ризик од проблеми со срцето.

Се претпоставува дека причината за ова е тоа што сексот сепак е физичка активност која му годи на срцето.

shto-se-sluchuva-so-teloto-ako-dolgo-vreme-nemate-seks-03.jpg

Проблеми со сеќавањето

Некои истражувања покажале дека редовниот секс може да го подобри помнењето, особено кај луѓе постари од 50 години.

Интересно е што не е позната причината за ова.

shto-se-sluchuva-so-teloto-ako-dolgo-vreme-nemate-seks-09.jpg

Ослабен имунитет

Според истражувањата, сексот го зајакнува метаболизмот.

Односно, оние кои многу ретко имаат секс, можат да бидат посклони кон настинки и болести.

shto-se-sluchuva-so-teloto-ako-dolgo-vreme-nemate-seks-04_copy.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg