-->
-->
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Дали е во ред да мастурбирам секој ден?“

Кои се петте најважни правила за добар секс и дали е во ред да се мастурбира секој ден – ова се две прашања на кои за CRNOBELO.com, одговара докторката, клинички сексолог Фросина Крстаноска.

vie-prashuvate-makedonski-seksolog-odgovara-dali-e-vo-red-da-masturbiram-sekoj-den-01.jpg

Во текот на изминатиот месец на Инстаграм профилот на CRNOBELO.com, читателите имаа можност да постават прашања поврзани со сексуалното здравје, упатени до докторката Фросина Крстаноска.

vie-prashuvate-makedonski-seksolog-odgovara-dali-e-vo-red-da-masturbiram-sekoj-den-02.jpg

Погледнете ги одговорите на две од поставените прашања од читателите:

1. „Според вас, кои се петте најважни правила за добар секс?“

Пет правила за добар секс се:

- сите мора да се согласуваат за тоа;

- правило „не повредувај никого“;

- сексот е за емоционално и физичко задоволство, не мора да има секогаш оргазам;

- нема норми, сѐ е нормално од ванила секс до неконвенционален секс, не очекувајте да се случи спонтанo и планирајте, иницирајте секс;

 - идеално е да имате „доволно добар“ секс со оглед на возраста и здравјето.

vie-prashuvate-makedonski-seksolog-odgovara-dali-e-vo-red-da-masturbiram-sekoj-den-03_copy.jpg

Прочитајте и Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Се шири ли вагината од премногу секс?“

2. „Дали е во ред да мастурбираш секој ден?“

Во ред е да се мастурбира секој ден.

Тоа е дополнување, истражување на личното задоволство кога сме во пар или запознавање со полова активност во пубертет.

Но, може да премине во опсесија кога се прави непрекинато, да ни причинува стрес и влијае на работата, животот и да доведе до финансиско исцрпување и криза.

Не претерувајте и најдете задоволство со партнерот/ката. Не знам дали сте со помош на онлајн содржина или сами со себе во текот на мастурбацијата, тоа понекогаш има различно влијание на создавање зависност.

vie-prashuvate-makedonski-seksolog-odgovara-dali-e-vo-red-da-masturbiram-sekoj-den-04_copy_copy.jpg

Прочитајте и Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Зошто партнерот не сака да има секс со мене откако се породив?“

На вашите прашања одговара д-р Фросина Крстаноска - интернист и хематолог, и член на Европскиот комитет за сексуална медицина (FESCM).

Вработена како клинички сексолог во Аџибадем Систина

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
Врска со постар маж или постара жена - Кои се предностите, а кои недостатоците? Постарите мажи не сакаат игри и ќе се трудат да ве заштитат од лоши искуства. Но...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...
„Сопругот не сака да има секс со мене откако останав бремена – што да правам?“ „Не беше вака пред да останам бремена, па почнав да се мразам и себеси и него и ...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg