Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Се шири ли вагината од премногу секс?“

Дали вагината се проширува и партнерот може да почувствува разлика кај вагината на жената што често има секс и кај онаа што нема? Ова е едно од прашањата на кои за CRNOBELO.com, одговара докторката, клинички сексолог Фросина Крстаноска.

vie-prashuvate-makedonski-seksolog-odgovara-ima-li-razlika-vo-vaginata-kaj-zhenite-shto-chesto-imaat-seks-i-onie-shto-nemaat-01.jpg

На Инстаграм профилот на CRNOBELO.com читателите имаа можност да постават прашања поврзани со сексуалното здравје, упатени до докторката Фросина Крстаноска.

vie-prashuvate-makedonski-seksolog-odgovara-ima-li-razlika-vo-vaginata-kaj-zhenite-shto-chesto-imaat-seks-i-onie-shto-nemaat-03.jpg

Погледнете ги одговорите на д-р Крстаноска на поставените прашања од читателите:

1. Дали вагината останува долгорочно проширена по сексуалните односи? Секако не во иста мера, но дали може да се почувствува разлика помеѓу жена која има често секс и жена која не практикува секс често?

Вагината е растеглив орган, составена е од мускули и слузокожа и затоа се прилагодува, шири и издолжува за полов однос без разлика на големината на пенисот.

Не може да се почувствува разлика во вагината со оглед на честота на полови односи.

Тоа се случува и за време на породување. 

Единствено во староста кога се намалува колагенот и еластичноста за време на менопауза се случува ширење на вагината и доаѓа до појава на „лабава вагина“ што е природен феномен.

По породувањето по вагинален пат исто се шири вагината, но не трајно.

Исто така, постојат и третмани за вечна младост на вагината - подмладување со ласер и радиофрекфенција со цел да се постигне потесна (tight) вагина, што е релативно успешно.

vie-prashuvate-makedonski-seksolog-odgovara-ima-li-razlika-vo-vaginata-kaj-zhenite-shto-chesto-imaat-seks-i-onie-shto-nemaat-04.jpg

2. После 10 години пауза од секс, колку време му треба на телото за да се навикне повторно на сексуални односи?

Интересно прашање.

Секако, одговорот е неопределен кога не е позната причината за пауза од 10 години - дали се работи за психичка, телесна или комбинирана дисфункција? Добро би било добро да се побара помош од сексолог.

Половата желба, возбуда и оргазам не се феномени врзани само на партнерскиот однос, па не треба да се занемари мастурбацијата за повторно самоспознавање и стекнување доверба.

Никогаш не е доцна за повторно да сме полово активни.

vie-prashuvate-makedonski-seksolog-odgovara-ima-li-razlika-vo-vaginata-kaj-zhenite-shto-chesto-imaat-seks-i-onie-shto-nemaat-05.jpg

Прочитајте и Вие прашувате, македонски сексолог одговара: „Зошто партнерот не сака да има секс со мене откако се породив?“

На вашите прашања одговара д-р Фросина Крстаноска - интернист и хематолог, и член на Европскиот комитет за сексуална медицина (FESCM).

Вработена како клинички сексолог во Аџибадем Систина

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

фото: freepik.com 

Би можело да ве интересира:

„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Совети за парови со деца: Како да најдете време (и енергија) за секс? (18+) Кога имате бројни обврски околу децата и домот и кога немате многу време за себе...
21 работа во сексот што секој треба да ја направи барем еднаш (18+) Ако партнерот доживеал оргазам, а вие не, кажете му го тоа и бидете искрени дека...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg