Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Велосипед“ - Секс поза со која ќе го излудите партнерот (18+)

Оваа секс поза е одлична за да го излудите партнерот затоа што му нуди целосен поглед на телото на партнерката, но и на самиот интимен чин. Визуелната стимулација е нешто што им е неопходно на мажите за поголема возбуда.

velosiped-seks-poza-so-koja-kje-go-izludite-partnerot-18-01.jpg

Доколку сакате да пробате нешто ново и притоа максимално да го возбудите партнерот, тогаш секс позата „велосипед“ треба да ја пробате задолжително. Ќе ви овозможи да го извадите сексот од спалната соба и да пробате нешто сосема поинакво.

Името го добила заради позицијата на нозете на партнерката кои се во положба како кога возите велосипед, а освен што ќе ви обезбеди едно поинакво искуство, оваа поза може да ви помогне и да загубите некоја калорија повеќе.

За да ја изведете секс позата потребно е партнерот да застане на работ на креветот или на повисоко биро, а партнерката да легне на мебелот со горниот дел од телото. Таа ги крева нозете кон градите и ги свиткува колената како кога вози велосипед.

Партнерот пенетрира и притоа се придржува за зглобовите на нозете на партнерката, но треба да задржи побавно темпо затоа што оваа поза нуди длабока пенетрација.

Ако се замори, партнерката може да ги крене нозете на рамената на партнерот, а тој може да ѝ пружи поголемо задоволство така што ќе го стимулира клиторисот или ќе ја допира по телото.

Погледнете ја илустрацијата:

velosiped-seks-poza-so-koja-kje-go-izludite-partnerot-18-02.jpg.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...
Предупредувачки знаци дека се соочувате со криза во бракот, низ илустрации Останувате заедно само поради децата и тешко ви е да се присетите на убавите мом...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Знаци дека траумите од детството ви го уништуваат љубовниот живот (и како да си помогнете) Дали често ви се случува први да му раскинете на партнерот, затоа што постојано ...
„Мојот дечко им раскажува на колегите за нашиот сексуален живот и не сака да престане - што да права... „Не мислев дека толку многу може да ми пречи што зборува мојот дечко зборува за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg