4-минутна предигра која може да ја зголеми возбудата во спалната соба (18+)

Предиграта е важен дел од сексуалната интимност која вклучува физичка и емоционална стимулација пред сексуалниот однос. Тоа може да биде начин да се зајакне возбудата и да се зголеми задоволството за време на сексот.  

4-minutna-predigra-koja-mozhe-da-ja-zgolemi-vozbudata-vo-spalnata-soba-01_copy.jpg

Предиграта е лично и интимно искуство кое може да се разликува од личност до личност.

Важно е да комуницирате со вашиот партнер за тоа што прави да се чувствувате добро, што ви се допаѓа и што ви е удобно или не.

Ова може да ви помогне и двајцата да се чувствувате повеќе поврзани и да ги усогласите потребите.

Сите знаеме дека предиграта е најважниот аспект на сексуалниот однос, особено за жените, на кои обично им треба „време за загревање“ од 20 до 30 минути пред да доживеат оргазам.

Но, понекогаш, особено ако сте во долга врска, предиграта може да стане монотона.

Ако чувствувате дека вие и вашиот партнер немате возбудлив сексуален живот, тогаш добро би било да пробате нешто ново.

4-minutna-predigra-koja-mozhe-da-ja-zgolemi-vozbudata-vo-spalnata-soba-02.jpg

Експертот за секс Вернита Грифит, ТикТок сподели совет што може да им помогне на паровите да ја „зачинат“ предиграта.

Според неа, сѐ што треба да направите за повозбудлив сексуален живот, е да пробате еден трик:

„Поставете го тајмерот на вашиот телефон на четири минути. Потоа планирајте дека треба да се менувате со вашиот партнер.

Четири минути да му правите што сакате, а потоа обратно, тој нека ви прави што сака.

Но, мора да се согласите да правите што сакате еден со друг. Се надевам, она што ќе го одберете да му го направите на вашиот партнер, исто така, ќе му биде пријатно.

Но, сепак возбудата доаѓа од непознатото, нели?“

@triteamunlimited

Another sex tip from Vernita! #MyColoredHair #JuntosImparables #FordMaverick

♬ Vibing - CHRISPY

Четири минути предигра може да биде од корист бидејќи им дава време на двајцата партнери да се возбудат и може да помогне од предвремена ејакулација.

Дополнително, може да помогне да се изгради исчекување и возбуда и може да им помогне на партнерите да се поврзат емоционално и физички.

Оваа игра, која се фокусира на градење на силна врска, може да се надоврзе со некоја добра старомодна предигра ако четири минути не се доволни.

Ако навистина сте решени да ја пробате оваа игра, пробајте ја со некој на кој му верувате и погрижете се претходно да зборувате за вашите сексуални граници. Потоа подгответе се за вашите четири минути во рајот.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
5 причини зошто и животот без партнер може да биде убав Нема да се расправате со некој зошто ги оставил чорапите на подот, а и никој нем...
„Бремена сум, а партнерот има афера со колешка, како треба да постапам?“ „Го сакам мојот партнер и сум во шестиот месец од бременоста и би сакала нашето ...
Помалку очигледни знаци дека ја привлекувате личноста што ви се допаѓа Често трепка кога зборува со вас и ги крева веѓите кога ќе ве здогледа – неретко...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
„Се договараме да имаме секс, па некој заспива“ – Србинки за сексуалниот живот по 9 години брак (18+... „Обично и двајцата сме толку уморни, што некој заспива пред телевизорот. И кога ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg