15 најиритантни однесувања на работното место (со кои ги нервирате колегите)
Задржување на информации за себе, за колегите да изгледаат некомпетентни и неспособни. Озборување на колегите зад грб и правење на непотребна драма.
Не постои такво нешто како совршено работно место, но постои работно место кое можеме да се потрудиме да го направиме барем приближно до совршено.
Затоа треба да внимаваме на своето однесување и да не правиме работи кои ги иритираат колегите.
Луѓе на Reddit споделуваат најиритантни работи кои ги прават други луѓе на работа.
Дел од листата:
- Задржување на информации за себе, за колегите да изгледаат некомпетентни и неспособни.
- Неследење на правилата на компанијата затоа што вие сте најдопадлив и најпопуларен колега.
- Доаѓање на работа болни и со тоа потенцијално заразување и на здравите колеги.
- Навредување од конструктивните критики, наместо прифаќање – ова не е семејство, ова е работа.
- Потценување на колегите според полот, односно осуда жените не можат ова, мажите не можат тоа.
- Бавно темпо на работење за да останете прекувремено и да добиете поени во очите на претпоставените, а тие што си одат навреме да направите да изгледаат лошо.
- Озборување на колегите зад грб и правење на непотребна драма.
- Немање интерес за дружба на неформалните настани организирани од страна на компанијата.
- Комплетно изолирање од колегите и неградење на тимски дух и заедничка борба за успех на компанијата.
- Јавно зборување за платата и коментирање кој зема повеќе, кој заслужува помалку итн.
- Кога работите се лоши, ставање фокус на тоа кого да обвините, наместо фокус на решенија.
- Коментирање на изборот што појадуваат колегите.
- Нагласување дека за вас празниците се поважни отколку на колегите кои немаат деца – и тие имаат партнери, родители, внуци.
- Присила за градење пријателства по секоја цена, иако гледате дека некому не му одговарате карактерно.
- Став дека вие знаете најдобро само затоа што сте најдолго во компанијата.
С. С. | Црнобело / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:


