15 знаци дека шефот е лош (и не го бива за функцијата)
Не го почитува слободното време на вработените. Не знае како правилно да ги распореди обврските – прави нефер распределба на работните обврски и не ги плаќа вработените соодветно на нивното заложување, па доаѓа до прегорување кај нив и губење на мотивацијата.
Не знае како правилно да ги распореди обврските – прави нефер распределба на работните обврски и не ги плаќа вработените соодветно на нивното заложување, па доаѓа до прегорување кај нив и губење на мотивацијата.
Давање информации зад грб само на одредени членови од тимот и со тоа потценување и покажување непочит кон другите, немање иницијатива сам да даде покачување на платата, претставување во улога на Господ само затоа што се нашол на таа позиција, а сите вработени ги смета за глупави и неспособни... Се соочувате ли со ваков тип на шеф?
Ако е така и се чувствувате фрустрирано на работното место, тогаш добро е да знаете дека не е до вас, туку е до него и тој не е способен за лидерската функција на која се нашол најверојатно само затоа што коцките му се поклопиле или има добра семејна позадина или ги запознал вистинските луѓе и тие ги повлекле вистинските конци во вистинско време.
Знаци дека еден шеф е лош и не го бива за функцијата:
Не го цени фидбекот од вработените – односно не е заинтересиран за нивното мислење и предлози за подобрување на работата.
Нема јасност во пристапот – односно при работењето нема јасна цел, мисија, стратегија и план за да успее, постојано се премислува и збунет е за насоката на функционирање на компанијата.
Јавно ги критикува вработените – суров е притоа и тие се чувствуваат неценето и непочитувано, наместо да добијат конструктивна критика на само или на мејл.
Исклучува членови од тимот при средбите, кои се важни за нивната работа и изведба – посочува на несигурност и страв дека таа личност може да му ја загрози позицијата и затоа ѝ го лимитира пристапот до информации.
Ги прави вработените несреќни – ако вработените не се среќни, тоа значи дека нешто не е во ред со менаџментот, ако луѓето се фрустрирани и си даваат отказ, тоа е црвено знаме дека шефот е лош.
Постојано микроменаџира, односно им наметнува на вработените ситни обврски, наместо да им даде слобода сами да го покажат и искористат својот потенцијал.
Не знае како правилно да ги распореди обврските – прави нефер распределба на работните обврски и не ги плаќа вработените соодветно на нивното заложување, па доаѓа до прегорување кај нив и губење на мотивацијата.
Не го почитува слободното време на вработените – односно постојано им пишува и им се јавува на вработените по завршување на работното време и заборава дека тие имаат семејство и приватен живот и им треба да се одморат за да бидат здрави и ефикасни на работа.
Уште 7 знаци на следната страна...
Би можело да ве интересира:



