Низ илустрации: Строги, непишани правила на работното место кои може да ви наштетат (и во ред е да ги прекршите)
Во ред е да го кажете сопственото мислење
Некои луѓе сметаат дека некогаш е подобро да си премолчат отколку да кажат јавно што мислат.
Секако дека нема потреба да се расправате со претпоставените за неважни работи, но ако тие носат одлуки што не се легални, ви штетат на здравјето или на кој начин ги преминуваат границите, тогаш не би требало да премолчите.
Не ја напуштај старата работа додека не најдеш нова
Некои луѓе цврсто се водат до принципот дека нема да го напуштат старото работно место додека не најдат нешто ново и секојдневно толерираат непријатна работна атмосфера.
Со оглед на тоа што сите се стремиме кон стабилност, и ова уверување е оправдано, сепак постојат ситуации кога е подобро да дадете отказ и пред да најдете ново вработување.
Ако имате проблем со платата, како нередовна плата, доцнење, неоправдани кратења на платите, отпуштање на персоналот или ако работите во нездрава атмосфера - тогаш сосема е оправдано да си заминете.
Фотографии во бикини на социјалните мрежи
Нашите социјални мрежи се наш личен простор и во основа нема потреба некој да нѐ осудува за фотографиите што ги објавуваме таму.
Без разлика на тоа што работите, вие имате право на приватен живот и воопшто не е срамота да објавите фотографија во бикини, па дури и ако сте научник. Вие бирате кои пријатели ќе ги имате и кој ќе ги гледа вашите фотографии.
Работење дополнителни обврски без да ви платат
Понекогаш на почетокот на кариерата на вработените, менаџерите им даваат дополнителни работни задачи што не се во описот на работното место, а вработените, пак, сакајќи да се докажат, ги прифаќаат обврските без да бараат дополнителни приходи за тоа.
Со текот на времето станува сѐ потешко да им кажете „не“ кога ќе ве преоптоварат со работни задачи и затоа е добро уште на самиот почеток да ставите јасно до знаење дали сте или не сте подготвени да прифаќате дополнителни задачи и дали барате дополнителен надомест за тоа.
Понекогаш е во ред да се истакнувате
Најчесто постои правилото дека сите вработени се тим и дека не постои „јас“, туку само „ние“, но ако имате можност да се истакнете и да покажете дека имате добри вештини, нема потреба да се срамите.
Треба да се гордеете со сопствените вештини и таленти, затоа што тоа никој не може да ви го одземе.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





