Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Кај најде баш сега да бараш слободен ден?“ – во Македонија се плашиме да го побараме тоа што ни следува

„Треба да одам на преглед утре, а утре е работен ден. Чекам термин за преглед веќе 2 месеци. А сега треба да барам слободен термин од работа за да одам. Пола час пат до таму и назад, па преглед... 3 часа ќе ме нема”.

rabotodavec-kaj-najde-bas-sega-da-baras-sloboden-den-01.png

Ми треба слободен ден. „Како да го побарам? Срам ми е, па само неколку месеци сум тука. Што да кажам? Како ќе ме сфатат?“

СТОП! Луѓе сме, не сме роботи!

Тука нема срам. Сосема легитимно е да имаш потреба од слободен ден. Дали за личен преглед, вакцина за дете, закажан приватен состанок каде било, потреба од личен одмор.

Не сме роботи, па да мора да бидеме обврзани да се чувствуваме нелагодно доколку ни треба издишка.

„Моето дете има приредба во градинка”, „Сакам да одам на еднодневна работилница за личен развој, а е во работен ден” – Оди, и не се чувствувај под притисок бидејќи некаде треба да се оправдаш.

Сосема е доволно да побараш ден без да објаснуваш зошто. И никој не треба да праша било што.

Секако ова не значи дека треба да вивнеш низ врата во моментот кога планираш да излезеш, но на убав и културен начин, со поднесено барање или напишан мејл доколку прашаш, секако ќе добиеш дозвола.

Сè додека работата е завршена, навистина нема да смени ништо доколку еден работен ден го имаш замислено или планирано поинаку.

rabotodavec-kaj-najde-bas-sega-da-baras-sloboden-den-02.jpg

Што кога денот не е одобрен? И ова се случува.

„Има премногу работа, кај најде баш сега да бараш слободен ден?” , „Па, сега ти заврши одморот и користиш пак ден?“ – Добропознати прашања.

Ниеден работодавец не смее да си дозволи да каже вакво нешто доколку не знае што е причината поради која ти треба ден.

На избувнувајте веднаш доколку плановите ви се изменето. Побарајте доработување на работните часови низ неделата, или пак компензација со работа вон работни часови или викенд.

Секако, на крајот од денот, не бегате од работа, само што ви треба баш тоа време и тој датум.

Не си предизвикувајте стресови на организмот секогаш кога треба да побарате нешто што ви следува.

Луѓе сме, не сме роботи.

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т | Црнобело

фото: pixabay.com

Би можело да ве интересира:

8 луѓе кои се охрабриле да дадат отказ од работа и да го следат сонот – сега живеат среќно „Имам речиси 40 години, бев програмер и работев фронт-енд. Работата беше добра, ...
Знаци дека е време да си дадете отказ (и да најдете нова работа) Едвај станувате наутро и воопшто не можете да се замислите на истата позиција во...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Хотели, образование: Луѓе споделуваат (мрачни) тајни од своето работно место Вработен во хотел: „Јас работам во хотел и мора да ви признаам дека не ја перат ...
11 хит мемиња во кои ќе се пронајде (апсолутно) секој вработен „’Киселата’ насмевка кога јас и моите колеги слушаме како шефот ни кажува колку ...
„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg