5 совети со кои ќе создадете пријатна атмосфера на работа и ќе се чувствувате многу подобро
Безначајните разговори со колегите можат да ви бидат од голема корист, а добро би било и да почнете да ги прифаќате обврските и задачите што ве плашат.
Само затоа што сте на работа, не значи дека треба да бидете под стрес и да се чувствувате непријатно.
Постојат многу начини да ја направите работната атмосфера попријатна и за вас, и за вашите колеги.
Во продолжение пет совети што ќе ви помогнат во тоа:
„Празните“ разговори со колегите можат да ви годат
Разговорите за времето, вашето секојдневие и сличните „празни“ разговори можат да ви помогнат да се зближите со колегите, а со тоа и да се чувствувате подобро на работното место.
Прифаќајте обврски што ве плашат
Ако одбивате некој проект или некоја задача бидејќи ви е страв дека нема да ја завршите доволно добро, тогаш дефинитивно треба да прифатите.
Кога правите нешта што ве плашат, вие излегувате од вашата „удобна зона“, а ова има позитивно влијание врз вашите раст и развој.
Ако, пак, не знаете како да направите нешто, секогаш можете да побарате помош и да научите нешто повеќе.
Ова сигурно ќе ве направи подобар работник и вие ќе се чувствувате подобро на работа.
Не им дозволувајте на негативните емоции да ве надвладеат
Сите си имаме лоши денови и тоа е сосема нормално, но ова не треба да ви биде изговор да се однесувате лошо со колегите.
Ако имате лош ден, сигурно можете барем да им се насмевнете на колегите и да им кажете „Добро утро“. Ова е сосема доволно за да ја направите атмосферата пријатна и за вас, и за вашите колеги.
Излезете од дома 15-тина минути порано
Ќе се чувствувате многу подобро кога ќе имате 10-15 минути за да се подготвите за работниот ден, отколку да трчате до канцеларијата плашејќи се дека ќе задоцните.
Кога ќе излезете порано од дома, ќе стигнете навреме дури и да има застој во сообраќајот, а ако пристигнете порано, ќе имате време за опуштен појадок или да го испиете утринското кафе.
Бидете свои
Нема потреба да го криете вашето вистинско јас само затоа што сте на работа. Се разбира, треба да бидете професионални, но не плашете се да го покажете вашето вистинско лице.
Бидете горди на себе и не се претворајте во друга личност кога сте на работа.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





