Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Како да го почнете разговорот за зголемување на плата?

Многумина ќе се сложат дека ова е еден од најнепријатните разговори кои може да ги имате со своите надредени. Но, ништо не е невозможно.

kako-da-go-pocnete-razgovorot-za-zgolemuvanje-na-plata-02.jpg

Темата за зголемување на платата може да си побарува и мали преговарачки способности, па мора да бидете добро подготвени пред да го направите првиот чекор.

Пред да почнете со овој разговор, важно е да се подготвите и да си одговорите на 4 клучни прашања:

  • Зошто заслужувам зголемување на платата?
  • Кој е временскиот рок кој ќе го толерирам, додека платата да порасне?
  • Која сума ја барам?
  • Како ќе изреагирам доколку добијам негативен одговор?

Вистински момент за да ја отворите темата

Пробајте да не реагирате од незадоволство и негативни емоции, бидејќи тоа нема да биде квалитетен разговор.

Повикајте ги надредените или закажете состанок кога ќе имате повеќе објаснувања зошто заслужувате повеќе пари.

Исто така, важно е да одберете момент кога ќе имаат време и внимание.

kako-da-go-pocnete-razgovorot-za-zgolemuvanje-na-plata-01.jpg

Бидете подготвени за поголема одговорност

Често, покачувањето на платата со себе си носи поголеми одговорности, повеќе работа и помалку слободни часови, па размислете дали сте подготвени на тоа.

Компромис

Размислете дали воопшто вашата компанија има доволно средства за да ви обезбеди повисока плата.

Ако добиете „не“ како одговор, проверете дали воопшто постои опцијата во иднина. Ако не може да ви обезбедат поголема плата, обидете се да преговарате за повеќе слободни денови или продолжен годишен одмор.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Сакам да дадам отказ“ – 8 психолошки причини заради кои си го замразуваме работното место Работното место веќе не ве исполнува, или не ви го дале ветеното покачување? Кои...
6 тајни за вашата работа, кои шефот не сака да ги знаете (а треба) Надредените знаат многу за вашата онлајн активност на компјутерот на работа, има...
10 знаци дека е подобро да си заминете од интервју за работа и да не ја прифатите позицијата, низ ил... Ви го коментираат изгледот, треба да вложите ваши пари пред да почнете со работа...
Како Илон Маск открива кога некој лажел во CV – Кое прашање ги издава неискрените? Не дипломата и образованието, туку одговорот на едно прашање е клучен за тоа Ило...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg