5 работи од вашата „домашна“ канцеларија кои ви прават стрес
Од старото и уништено биро до хаосот во домот и недоволната количина светлина, што ви ја „убива“ креативноста при работењето од дома?
Голем број луѓе поради пандемијата се присилени да работат од дома и тврдат дека тоа им предизвикува стрес.
Кои работи од „домашната“ канцеларија може да бидат причина за стрес:
Недоволно светлина
Недоволната количина на светлина може да ве направи непродуктивни при извршувањето на обврските. Позиционирајте го бирото добро и додадете ламби ако има потреба.
Хаосот може да ви ја „убие“ креативноста
Расфрланите работи на сите страни ви прават тензија. Со ослободување на просторот го ослободувате и умот исто така.
„Домашната“ канцеларија ви е во ист простор со местото на кое се релаксирате
Многу е важно работниот простор да го одделите од местото каде се релаксирате. Потребно е да направите физичко одвојување за да можете да направите и ментално одвојување на овие две области исто така.
Стар и нефункционален мебел
Оштетеното старо биро може да ви ја убие желбата за работа, инвестирајте во некое ново.
Низ домот имате недовршени проекти од реновирање
Сега, кога сте во голем дел од времето дома ова може да ви предизвикува голем стрес, па дури и да ве попречува во работата. Итно треба да си ги завршите обврските околу домот.
С. С. | Црнобело