Координаторите за интимност откриваат детали од работата - како ги учат актерите да глумат секс сцени?
„Актерите треба да знаат точно каде треба да им стојат рацете, кои делови од телото како треба да бидат наместени, што да биде видливо, а што не пред камерата“, откриваат координаторите за интимност.
Во Велика Британија досега има регистрирано 20 координатори за интимност, од кои само три се жени. Сте слушнале ли досега за оваа професија? Во САД каде филмската индустрија цвета сигурно ги има многу повеќе.
Нивната работна обврска е да ги искоординираат актерите и да им посочат како најреално да ги одглумат секс сцените во филмовите, како да ги постават голите тела и какви воздишки и звуци да испуштаат за сето тоа да звучи искрено.
Тие исто така водат сметка да нема допир на интимните органи помеѓу актерите, па користат транспарентни танга гаќички, поставуваат перници меѓу телата и слично за тоа да се спречи.
Во последно време има изобилство од филмови каде има доста секс сцени, како што е „Fifty Shades Of Grey“, па режисерите обрнуваат големо внимание секс сцените да бидат добро одглумени и затоа ангажираат координатори за интимност.
Нивната работа колку и да звучи едноставно, не е лесна затоа што тие треба да направат овие средби да бидат пријатни за актерите, треба да ги испочитуваат желбите на сите и да ги разберат несигурностите на актерите кои ги глумат сцените и притоа се изложуваат како емоционално, така и физички.
Ита О’Брајан (56), на пример, е жена која во Велика Британија работи како координатор за интимност. Таа претходно работела како актерка и режисер.
Правењето кореографија за секс сцена е слично како правењето кореографија за танц, велат луѓето кои го работат ова. Актерите треба да знаат точно каде треба да им стојат рацете, кои делови од телото како треба да бидат наместени, што да биде видливо, а што не пред камерата.
Се случува некои актерки да не сакаат брадавиците од градите да им бидат прикажани пред камерата затоа што им е неудобно или чувствуваат несигурност во врска со нив, па сето тоа мора да се почитува и да се приспособи аголот на камерата според тоа.
Координаторите за интимност исто така треба да обрнат внимание на изразот на лицата на актерите при секс сцените.
Плус, нивната задача е актерите да се чувствуваат безбедно при снимањето, да знаат точно што се очекува од нив и нивните желби да бидат почитувани за да можат да дадат најдобра изведба.
Ита О’Брајан вели дека, за жал, сѐ уште во одредени филмови се случува на актерите да им се каже само направете го тоа кога се снима секс сцена, но таа посочува дека на ова мора да се стави крај затоа што кога се видело на танчари да им се каже само одиграјте нешто, без конкретни насоки.
Актерот исто така може да се чувствува некомфорно кога ќе му се каже само да го прави тоа што природно го прави во кревет при секс затоа што не секој се чувствува слободно да прикаже дел од својата интима и тоа го прави ранлив.
Координаторот за интимност исто така мора да внимава на тоа дека секс сцената што ја глумат актерите мора да биде изводлива и во реалноста, па се обрнува внимание на пример при стоечки секс за тоа жената да е во повисока позиција од мажот за да може да се изведе тоа и други такви детали.
Прочитајте и Поранешни порно актерки ја откриваат бруталната вистина зад снимањето на секс сцените (18+)
С. С. | Црнобело